Втор „SPEECH4INCLUSION" за инклузивно образование

Во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи  „Чекор по чекор" денеска ќе биде одржано второто издание на инспиративниот настан за инклузивно образование „Speech4Inclusion".

Второто издание на "Speech4Inclusion", како што информираат организаторите, е по повод завршувањето на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците", како и Светскиот ден на социјалната правда.

На настанот, соопштуваат организаторите, своите кратки инспиративни приказни за инклузивното образование и општество ќе ги споделат еминентни практичари, активисти, родители и ученици.

Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците" ја поддржува инклузијата во образованието и процесот на вработување преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на децата и младите со опреченост.

Овој проект го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор" со поддршка од Европската Унија. /МИА

притисни ентер