Во подморница близу брегот на Панама се запленети пет тони кокаин

Пет тони кокаин се запленети на подморница во панамските води, соопшти денеска Панамската поморска служба (Сенан).

Четворица Колумбијци се уапсени во операција на 300 километри северо-западно од градот Панама, на брегот на Карибите во провинцијата Бокас дел Торо, која граничи со Костарика.

Рачно изработената полу-подморница е првиот брод од ваков вид и со тој капацитет за пренесување дрога што е откриен во Панама, изјави државниот јавен обвинител на Панама.

Панама, сместена среде рутата за шверц  од Колумбија до Соединетите држави, минатата година забележала рекордна заплена на дрога од 91 тон, 77,9 тони кокаин и 12,9 тони марихуана, тврди обвинителот.

Во саботата властите во Костарика заплениле 5,8 тони кокаин сокриени во пратки цвеќе спакувани за извоз во Холандија.

притисни ентер