Од Тесла направил моторна санка на гасеници (ВИДЕО)

Гасениците се подобро решение од ланците, барем кога станува збор за возење на снег.

Фановите на електричните автомобили  „Тесла“ последниве неколку месеци се обидуваат да направат своја верзија на „Кибертрек“ - електричен пикап со необичен дизајн.

Еден сопственик на моделот 3 на Тесла, се определи за драстична промена. Тој сакал да ги подобри возните перформанси на снег, па ги замени тркалата со гасеници и доби електрична моторна санка.

Мајкл е еден од најпознатите авто-блогери на социјалните мрежи. Со помош на компанијата Mullin Manufacturing, тој успеа да постави гасеници на задната оска на неговиот модел Tesla 3. Амбициозниот проект беше успешно завршен, пренесува Carbuzz.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Should I drop the video now or later?? Yes this happened

A post shared by Michael (@lowlifeduramax) on

„Сте го виделе Тесла како лета, но дали знаете дека оди по снег? Отсекогаш сум сакал електрична моторна санка“, вели Мајкл.

Мајкл ги отстранил задните тркала со пријателите и ги постави гасениците за снег на погонското вратило. Пробното возење беше направено на снежните висорманини  на Британска Колумбија, Канада. Сопственикот на Тесла не очекувал дека првото возење ќе помине без поголеми проблеми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Tesla on tracks video live! Link in bio. I also put a train horn on it.

A post shared by Michael (@lowlifeduramax) on

Изменетата Тесла лесно ги освојува снежните ридови, што претходно беше невозможно на снежна површина. Ова е вистински подвиг, особено затоа што станува збор за возило кое тежи повеќе од 1.800 килограми.

Сепак, тестот не помина без проблем. Имаше прескокнување на забецот на една гасеница, а Мајкл вели дека проблемот може да се реши со затегнување . Тој додава дека неговите електрични санки сè уште не се завршени. Сака да ги усоврши со возење низ кал, па дури и да скока за да добие повеќе лајкови на социјалните мрежи.

Експертите за автомобили не советуваат вакви измени, забележува американското списание.

притисни ентер