Полигамијата стана легална во една од државите во САД

Сенатот на американската држава Јута едногласно одлучи да ја декриминализира полигамијата кај возрасните.

Според законот, на секој за кој е докажано дека има повеќе од една сопруга, му се закануваше затвор до пет години.

Застапниците на декриминализацијата тврдат дека тоа ќе ја намали тајноста на заедниците кои го практикуваат обичајот и ќе им олесни на жртвите да пријават злоупотреба.

Но, критичарите веруваат дека злоупотребата само ќе се влоши.Новиот закон треба да биде одобрен и од Претставничкиот дом на Јута.

Според новиот закон, полигамијата или бракот со повеќе од една сопруга или сопруг ќе се смета за прекршок, како што се оние во сообраќајот.

Но, принудната полигамија ќе се третира како кривично дело.

За повеќе од 30 000 луѓе се верува дека живеат во полигамија во оваа држава, пренесува Асошиејтед Прес.

Јута е дом на Мормонската црква која во своите почетоци ја прифати полигамијата, пред да ја забрани во 1890 година.Денес, Мормоните го екскомуницираат секој што практикува полигамија, но многу фундаменталисти од таа религија и понатаму продолжуваат со стариот обичај.

Иако бракот со повеќе лица е нелегален според законот во Јута, официјалните лица на таа држава во голема мерка се определија за неказнивост.Во 2001 година, полигамистот Том Грин стана првиот маж осуден за брак со пет жени, и тоа била прва пресуда во повеќе од половина век.Тој подоцна бил осуден за силување малолетничка, бидејќи една од неговите сопруги останала бремена на 13-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер