Први жртви на коронавирусот во Иран

Двајца Иранци почина денес во болница откако е потврдено дека биле заразени со коронавирус, јави иранската новинска агенција Мехр.

Ова се и првите два потврдени случаи во Иран. Тие починаа во светиот шиитски град Кому, а смртта ја потврди деканот на медицинскиот универзитет.

„Двајца Иранци, кои претходно беа позитивни на новиот коронавирус, починаа од респираторни заболувања“, изјави докторот.

Нивната смрт на Твитер ја потврди и портпаролот на иранското Министерство за здравство, Киануш Јаханапур.

Иран ги објави првите два случаи на инфекција на нејзината територија претходнио во текот на денот, веднаш по пристигнувањето на позитивните резултати од тестот. Министерството за здравство соопшти дека пациентите биле во карантин.

Според последните податоци, новиот коронавирус досега уби повеќе од 2.000 луѓе во Кина. Иако бројот на нови случаи е во опаѓање веќе втор ден по ред, властите ги заострија веќе строгите мерки за изолација по избувнувањето на епидемијата во градот Вухан.

Првата земја од Блискиот исток што објави случај на зараза беа Обединетите Арапски Емирати во јануари. Египет го потврди првиот случај минатата недела, а денес објави дека пациентот веќе е на добар пат да се опорави.

Белата куќа: Џил Бајден добро го поднесе медицинскиот зафат

Белата куќа објави дека првата дама Џил Бајден „добро ја поднела медицинската постапка“, за која не се објавени детални информации.

Претседателот Џо Бајден (78) бил денеска наутро со својата 69-годишна сопруга во посета на медицинска установа во Вашингтон.

И двајцата се вратиле во Белата куќа во текот на утрото.

„Првата дама добро ја издржа медицинската постапка и се врати во Белата куќа за да ја продолжи својата нормална програма“, рече нејзината директорка за комуникации, Елизабет Александар.

Белата куќа објави доцна синоќа дека Џил Бајден има закажано термин „за вообичаена медицинска постапка“.

Причините за одење на лекар и деталите не се соопштени.

Џил и Џо Бајден се во брак од 1977 година, а првата дама, која има докторат по науки во образованието, предава на универзитет близу Вашингтон.

Курц: Секој трет Австриец може неделава да ја добие првата доза на вакцината

Секој трет Австриец кој сака да се вакцинира против коронавирус треба да ја прими првата доза до крајот на неделава, изјави канцеларот Себастијан Курц.

„Ги преминуваме последните метри до победата над пандемијата“, рече денеска Курц во Виена, додавајќи дека некои провинции наскоро ќе завршат со вакцинирање на лицата над 65 години.

Досега 1,6 милиони жители ја примиле првата доза на вакцината, според владините податоци.Околу 5 милиони луѓе од вкупно 7,5 милиони постари од 16 години изразиле желба да бидат вакцинирани.

Стапката на инциденца за седум дена, бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на Австрија во текот на неделата е околу 210.

Курц рече дека сегашната состојба со новите инфекции е стабилна. Треба да се преземат чекори за отворање на земјата најдоцна до мај, рече тој, додавајќи дека ќе се отворат рестораните и ќе се овозможат спортски и културни настани.

Виена и Долна Австрија се во карантин од 1 април, веројатно до 2 мај, поради притисокот врз болниците. Бургенланд, на границата со Унгарија, планира да ги отвори продавниците и услугите следната недела. Во другите шест провинции, продавниците се отворени од 8 февруари.

Рашковски заминува од Владата, Заев ја прифатил оставката

По притисокот од јавноста поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски заминува од Владата.

Заев ја прифатил неговата оставка од функцијата секретар во кабинетот на премиерот...

По еден месец од избивањето на скандалот со спорниот софтвер за сообраќајни прекршоци, Драги Рашковски си замина од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите на Владата. Во писмото поднесено на 12-ти април, адресирано до премиерот Зоран Заев, кој експресно ја прифати оставката, Рашковски наведува дека причините за повлекувањето се поврзани со зачувување на неговото достоинство и интегритет. Фотографијата од писмената оставка тој утринава ја објави на Фејсбук, над која напиша дека бил мета на лажни вести и ги повика институциите да ја проверат вистината.

Повеќе детали од Михаела Димовска..

притисни ентер