,,Ѕверката” од ,,Сексот и градот” доби син на 66 години

Крис Нот е познат на пошироката јавност по улогата на ,,Ѕверката”  во хит серијата Сексот и градот го доби својот втор син на 66-годишна возраст.

Тој и неговата сопруга Тара Вилсон ја објавија оваа вест на социјалните мрежи.

„Нашиот син Китс дојде директно од небото“, напиша славниот актер во објавата на фотографијата.

Крис Нот и 38-годишната Тара Вилсон го добија своето прво дете, синот Орион, во 2008 година, а врската ја озаконија четири години подоцна. Двојката се запознала во Њујорк додека Тара чекала во неговиот бар. Тие стапија во брак на Хаваи, откако беа верени три години.

Меѓу првите честитки беше онаа од колешката на Крис, Кристин Дејвис, која ја играше улогата на Шарлот во серијалот „Сексот и градот“.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер