Државната изборна комисија им наложува ниски цени на медиумите за платено политичко рекламирање за претстојните предвремени парламентарни избори. Од таму велат дека се повикуваат и вршат толкување на членот 75Ѓ од изборниот законик, и ја земаат просечната цена од повеќе медиуми од последните 5 изборни циклуси како максимална, со што се прави штета на радиодифузерите. Со ваквото толкување, телевизиите се обврзуваат една секунда политичко рекламирање да го емитуваат за максимални 1,83 евра, за разлика од претходните циклуси кога тоа било просечната цена...
Ваквата одлука на ДИК наиде на жестоки реакции во дел од медиумите, вклучително и на националните телевизии кои обвинуваат дека комисијата погрешно го толкува законот. Директорот на телевизија Канал 5, Иван Мирчевски вели дека на овој начин се предизвикува штета на радиодифузерите, а доколку ситуацијата не се реши, се доведува во прашање и дали медиумите воопшто ќе ги следат изборите..
Засега е нејасно дали проблемот ќе биде решен бидејќи од ДИК остануваат на ставот во наредните два дена, медиумите мора да ги достават ценовниците до комисијата. Во спротивно, велат, учесниците во изборниот процес нема да имаат можност да се рекламираат...