Шпанските медиуми открија колку месечно и плаќа Роналдо на Георгина за да му ги чува децата

Кристијано Роналдо и дава на својата вереница Георгина Родригез месечен џепарлак во износ од 50 до 100 илјади евра, пренесува шпанската телевизија Телекинко.

Шпанците пишуваат дека Роналдо и плаќа на Џорџина што се грижи за децата и ги покрива месечните трошоци. Двојката чува четири деца, заедно имаат ќерка, Алан Мартин, а сурогат мајката претходно на Роналдо му роди близнаци Ева и Матео и синот Кристијано Џуниор, за кои се грижи Георгина.

26-годишната убавица добива и по околу 8000 евра за секој спонзориран пост на Инстаграм и за интервјуа до 100 000 евра, според шпанските медиуми.

Инаку, Роналдо со Јувентус има договор од скоро триесет милиони евра годишно, па парот не штеди кога станува збор за луксузни производи. Фудбалерот неодамна го прослави својот 35-ти роденден, а Георгина му подари луксузен автомобил. „Среќно на човекот на мојот живот“, напиша тогаш Георгина, која покрај тоа што беше продавачка, работела и како дадилка пред да го запознае Роналдо.

Двојката се запознала во продавницата Гучи во Мадрид, каде работела Георгина како продавачка. „Неговата висина, неговото тело, неговата убавина ми го привлекоа вниманието. Треперев пред него, имаше искра“, рече неодамна Георгина.

"Јас сум многу срамежлива и можеби тоа ме натера уште повеќе да ме вознемири лицето што длабоко ме допре со само еден поглед. После тоа, начинот на кој ме третира Кристијано, како се грижи за мене и како ме сака , го направи се друго.” , рече долгогодишната вереница на славниот фудбалер.

💙 @prettylittlething 💙

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски.

МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.

-Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овојпат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна..., наведува Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Велигденски концерт на „Танец“

Ансамблот „Танец“ вечер во Националната опера и балет ќе го одржи велигденскиот концерт „Велигден е, Ѓурѓовден е“.

Изведени ќе бидат видеоприказните „Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш? Мене ми рече Велигден“, „Брале се, брале сватови“, „Велигден, море Велигден, в година пак да ни дојдиш“ и „Да исчистиме гревовите, да испадиме духовите“ и кореографските постановки „Ѓурѓовденка“, „Мариовска тресеница“ и „Свадба“.

„Танец“ премиерно ќе ја изведе и најнова кореографска постановка „У ливаду“ од 2023 година.

Во рамки на програмата ќе бидат емитувани тематски видеоинтермеца, за чија изработка се користени материјали од архивите на МРТ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, Музеј на Македонија и Кинотека на РМ.

притисни ентер