Вице Заев: Ниту јас, ниту кој било член во моето семејство нема поврзаност со случајот „Рекет"

​После многубројните лажни вести за мене и моето семејство, а кои се објавуваат секој ден од страна на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања со цел лична дискредитација на мојот брат и нашето семејство, принуден сум да се обратам на јавноста.

Како и најголемиот број од нашите граѓани, јас и моето семејство цели 11 години, за време на режимот, бевме под притисок, под закани и уцени, а исто како и голем број други слободни граѓани, бевме изложени под смислена, црна пропаганда, преку медиумите кои ги контролираше Никола Груевски.

Деновиве се потсетувме на дел од овие методи на режимот, ги видовме остатоците на заробената држава повторно како реализираат црни кампањи. Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски.

Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како „Рекет" ниту пак со лагите кои на прес конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ.

Изнесените невистини дека сум се среќавал со лицата осомничени за овој случај, дека сум седел, дека ме имало на некои снимки ги демантирам, тоа не е точно. Обидите за мое инволвирање на било каков начин во валканата политичка кампања сметам дека е намерно, лажно и тенденциозно со единствена цел, да му се наштети на Зоран Заев и политиките кои ги спроведува.

Ги повикувам сите надлежни институции да ги проверат сите изнесени наводи, да ги објават сите снимки, видеа, аудио материјали, се што има барам да се објави, за јавноста да се увери во вистината.

Самиот факт што законски била спроведена постапката за прибирање докази и видео материјали потврдува дека никој нема контрола над постапките што се водат во МВР, во обвинителството и судството, освен надлежните институции.

Ако некој имал контрола на овие институции, како што беше за време на режимот, тоа никогаш немало да се случи.

Народот гледа што се случува и се му е јасно. Со невистини и лажни вести мета е семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што тој е најголема закана за вистинските криминалци.

За овие луѓе нема ништо свето, ниту семејството, уште помалку граѓаните или државата.

Семејството Заеви, односно Зоран Заев е трн во окото за сите што се под контрола на Никола Груевски, избеганиот криминалец и кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните.

Ја уништуваа 11 години нашата татковина и избегаа за да се соочат со одговорност.

Затоа се шират лажни вести преку медиумите под нивна контрола, се шират измислици, секојдневно се пласираат тешки лаги, клевети, но и на прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, не се бираат начини ниту средства да му се наштети на Зоран Заев и неговото семејство.

Им пречи затоа што беше најуспешен градоначалник на Струмица. Им пречи затоа што го сруши нивниот режим со пенкало. Им пречи затоа што ја донесе слободата и демократијата. Им пречи затоа што застана храбро против неправдите. Им пречи затоа ја придвижи економијата, ја врати социјалната сигурност, им помага на ранливите, не дели туку обединува. Им пречи затоа што успеа својата татковина да ја извади од калта и да ја внесе во НАТО, на чекор до ЕУ.

Но најмногу им пречи, затоа што се избори да се донесе Законот за јавно обвинителство со кој конечно доаѓа правда, се обезбедува правна држава и секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Нема спас за криминалците. Ги чека затвор.

Јас не сум политичар и немам намера да се занимавам со политика. Со ова мое обраќање до јавноста сакам да соопштам дека нема повеќе да комуницирам ниту да реплицирам на нивните лаги, измислици, конструкции.

Нема да дозволам да ме вовлечат во нивната кал.

Не сум згрешил ништо, не сум прекришил ниту еден закон, работам одговорно и чесно.

11 години моето семејство, бизнисот со којшто се занимава, беше мета на бројни контроли, секојдневни инспекции од партизираните институции, па дури и тој режим не најде ништо незаконско, затоа што незаконско нема. Вистината е секогаш посилна од лагата.

Јас продолжувам да се занимавам со бизнисот со којшто сум уште од 1990 година навака. Семејството Заеви е успешно семејство не заради политиката туку заради луѓето и начинот на којшто го води бизнисот, одговорно и чесно, овде во нашата родна земја.

Обезбедуваме околу 800 работни места и придонесуваме во економијата со годишен данок по сите основи од околу 1 милион евра. Тоа се факти кои говорат за посветеност, за желба за напредок и ние така ќе продолжиме.

На тие што 11 години извршија грабеж на државата и ја држеа во изолација ценам дека им е кристално јасно дека нема да успеат да се спасат од одговорност ниту пак да го застанат напредокот на државата.

Јас, како и целото мое семејство, му даваме на Зоран Заев целосна поддршка да го заврши она што заедно со мнозинството граѓани во оваа земја го започна, да нема режим, криминал и корупција, да владее независна правна држава во која секој е еднаков пред законите. Да не се вратиме во мракот. Никогаш повеќе да не се повтори режим!

Ние ќе ги трпиме сите навреди, лаги, притисоци заради граѓаните на нашата заедничка татковина, Република Македонија, нивните семејства и нивните деца, за нејзината иднина, за нејзината слобода.

Вице Заев

Олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз

Од Акропол, преку Атина кон централна Грција – олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз.

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион - олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, огнот од островот Санторини со траект пристигна на атинското пристаниште, а оттаму беше пренесен на Акропол, каде што остана во текот на ноќта.

Утрово, кусо по 7.30 часот на петтиот ден од штафетното пренесување, олимпискиот оган од Акропол, со повеќе попатни станици низ Атина се упати кон античкиот град Делфи, а оттаму и кон Волос и Ламиа.

Лошите временски услови и дождот што речиси континуирано врнеше на целата рута низ Атина, не претставуваше проблем за учесниците во штафетното предавање, а на Акропол беа поздравени и од туристите кои случајно се најдоа таму.

- Каква коинциденција! Ние дојдовме за да го видиме Акропол и воопшто не знаевме дека има вакво нешто. Убаво искуство во секој случај да се види и Олимпискиот пламен, рекоа во разговор со дописничката на МИА од Атина три девојки од САД кои чекаа да дојде осум часот за да се отвори Акропол, но имаа можност одблиску да го видат и огнот за ЛОИ.

Со сличен став беа и други туристи од различни земји од светот, кои не го криеја нивното позитивно изненадување и задоволство.

Олимпискиот оган, продолжи до Музејот на Акропол, оттаму низ атинските улици, помина пред античкиот олимписки стадион Панатенаик и со повеќе попатни станици стигна до Министерството за одбрана на Грција каде што се одржа и мала манифестација.

Денешното патување низ Атина, огнот го продолжи до Грчкиот олимписки комитет, Олимпискиот музеј, Олимпискиот стадион и се упати кон античкиот град Делфи, Ламиа и Волос каде што ќе ја помине ноќта.

Во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Солун за да ја помине цела северна Грција и западна Грција, за во петок повторно да се врати во Атина.

Олимпискиот оган за 11 дена, ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји, а во петок, на 26 април во Атина на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските олимписки игри „Пекинг 2022“ и Летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.

Летните Олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. /МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

притисни ентер