Македонија под масовен наплив од неидентификувани телефонски повици

Непознати странски броеви утринава разбудија илјадници Македонци.

Добивале повик од различни телефонски броеви, но со ист префикс +881, кој, според информациите, го нема на листата на странски броеви, туку е сателитски мобилен систем, кој може да се купи преку Амазон и сличните платформи, но чини многу скапо..

На социјалните мрежи граѓаните алармираа за ѕвонењето - но, до сега нема информација колку наседнале на замката, и дали некој одговорил на повикот.

Повиците ги добивале корисни и на двата мобилни оператори.. Од Телеком велат дека целта на повиците од непознати дестинации кон наши корисници е да се генерира непотребен сообраќај.

-За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш превзеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци. - велат од Телеком.

Од А1 велат :

-А1 Македонија ги информира корисниците дека во раните утрински часови, во траење од два часа, се случи таканаречен wangiri fraud, вид на измама во телекомуникациите при што измамниците со автоматско бирање генерираат пропуштени повици и се надеваат дека ќе бидат повикани назад и со тоа преку нивните меѓународни повикувачки броеви ќе може да профитираат.Случајот е веднаш идентификуван, пријавен и преземени се сите мерки за заштита на корисниците. Пропуштените повици во најголема мера се иницирани со повикувачки број од нумерациски опсег на еден сателитски оператор Global Star и од Литванија. Случајот ќе биде пријавен и во меѓународната асоцијација GSMA до Fraud & Security форум.

Ако корисниците примат ваков повик треба да бидат сигурни дека не се специфично таргетирани туку дека измамниците таретираат случајно избрана низа, листа или ранг на мобилни или фиксни броеви. Препорачуваме корисниците да не возвраќаат на ваквите меѓународни броеви кои не ги препознаваат. Возвраќањето на пропуштените wangiri повици резултира со наплата , а измамниците тежнеат да генерираат уште повеќе пропуштени повици се со цел корисниците што повеќе да возвраќаат. Ги повикуваме сите корисници кои имаат пропуштено меѓународни повици кои ги имаат горенаведениот опис да не информираат, велат од А1 Македонија.

Ова не е прв ваков напад во земјава. Сличен имаше и пред неколку месеци, кога беа регистрирани повици од телефонски броеви со префикси од Естонија, Литванија и Нигерија.

Упатените објаснуваат дека станува збор за меѓународна измама, позната како „Фишинг“ или „Вангири“, а потекнува од Јапонија. Функционира на начин што - доколку одговорите на повикот веднаш ве поврзуваат со таканаречени „премиум“ броеви и ве задржуваат што е можно подолго на линија. А колку подолго ве задржат, толку повеќе ќе ве чини повикот – вашата сметка ќе достигне астрономска сума, а тие ќе имаат голема заработка.

Жртви на вакви измами во минативе години во светот беа повеќе земји.

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово по повод Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.

Кумановци денеска можат бесплатно да ги посетат музејската поставка, АСНОМ и Кокино, по повод 18-ти април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со локалното културно наследство.

-Во чест на Светскиот ден на спомениците и локалитетите 18 април влезот ќе биде слободен за сите посетители на постојаната музејска поставка, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и архео-астрономскиот локалитет Кокино. Иницијативата и идејата е на Министерството за култура. Со ваквата активност не се афирмира само светскиот ден на спомениците, туку и нашите локалитети и споменици ширум државата, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Таа ги повика кумановци да ги посетат локалитетите, да се информираат и да го запознаат локалното културно наследство.

-Водичи вработени во музејот ќе бидат на музејската поставка и на АСНОМ и се отворени да одговорат на прашања. Очекуваме посета од сите особено од учениците, студентите, повозрасните, рече Миљуш Божурска

притисни ентер