Трибина: На родителите им е потребна поголема дигитална писменост

Бидејќи живееме во два паралелни света виртуелен и реален на децата и на родителите им е потребна поголема дигитална писменост.

Сајбер насилствата на социјалните мрежи, заканите и порнографијата кај малолетниците ја наметнува потребата за поголема претпазливост од родителите. А довербата во семејството да се гради на другарска основа.

 Најголем дел од сајбер насилствата на социјалните мрежи завршуваат со физичка пресметка меѓу децата во училишните дворови или на улица,  е констатирано на расправата меѓу тинејџерите и експертите од оваа област на трибината организирана во прилепската гимназија на тема Социјалните мрежи : Општествено добро или општествено зло.

Ако фејсбук би била држава според бројот на корисниците, сигурно би била петта држава во светот по број на жители. Тоа е сериозна работа.

Надлежните институции и полицијата бараат крајна внимателност од корисниците на овие мрежи. Крадењето на личните податоци, банкарските сметки и фотографиите кои потоа се злоупотребуваат е во пораст. Таков последен пример беше затворената група „Јавна соба“.

притисни ентер