Продолжен рокот за мислења и забелешки до АЕК за издавање одобренија за 5Г

 До 20 април е продолжен рокот во којшто до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) може да се достават мислења и забалешки од заинтерсираните страни во врска со издавање одобренија за користење радиофрекфенции за 5Г технологијата.

Според АЕК, рокот што првично беше предвиден до 6. следниот месец, се продолжува поради важноста за успешна имплементација на 5Г во државава, откако барања за продлжување доставиле двата мобилни оператора Македонски Телеком и А1 Македонија.

Македонски Телеком побарале продлжен рок за мислење и забелешки до 15 април, а А1 Македонија, пак, до 20 април.

-Земајќи ја во предвид важноста за успешна имплементација на 5Г во Македонија, Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот за достава на мислења и забелешки најдоцна до 20.04.2020 година, стои во објавата на веб страницата на АЕК.

Како што најави неодамна директорот на АЕК Сашо Димитријоски, до крајот на годинава АЕК ќе ги објави тендерите за 5G спектрите и потоа останува на операторите кога ќе бидат подготвени да стартуваат со примената.

Новата 5Г технологија треба да овозможи значително поголема брзина на податочните услуги, промени во начинот на користење интернет, нови продукти од мобилните мрежи на операторите, намалување на бројот на подрачја на кои не постои можност за широкопојасен пристап.

Проценките на АЕК се дека за примената на 5G ќе треба да се зголеми бројот на базни станици за десет до 100 пати повеќе од постоечкиот, но, како што истакна Димитријоски, нема потреба од загриженост дека новите технологии се штетни ниту отпор кај граѓаните затоа што таквите тврдења биле шпекулации.

АЕК врши мерења на сите базни станици на електронските оператори во државата и со проектот што ќе трае до крајот на годинава ќе се види од секоја точка на секој предавател на операторите колкави се зрачењата. Новите технологии не можеме да ги спречиме, можеме само да ја олесниме нивната примена и на некој начин да им укажеме на граѓаните со видливи и мерливи резултати што значи таа нова технологија и дали и колку таа влијае на човековото здравје, порача Димитријоски.

Македонски Телеком во ноември лани во центарот на главниот град изврши тестирање на 5G на фрекфенции што ги побара од АЕК за времено користење.

Според Европскиот акциски план за имплементирање на 5G, најмалку еден голем град ќе треба да биде покриен со 5G сигнал до крајот на годинава, а потоа сите урбани средини и главни патни правци да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал до крајот на 2025./МИА

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

Видео: Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче

Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче. Видеото е од 17 март, а кафеавата мечка е убиена во синоќа во локалната шума.

Словачкиот министер за животна средина Томаш Тараба изјави дека е убиена кафената мечка која повреди пет лица во еден словачки град.

На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.

На тамошните градски власти им беа потребни десет дена за да ја пронајдат мечката, која беше убиена во локалната шума во вторникот.

Според Тараба, владата на Словачка користела дронови за да ја пронајде мечката, пренесе Би-Би-Си. Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми. Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.

притисни ентер