На СОС телефонот на „Меѓаши" лани 113 јавувања, нема повици од деца

 На СОС телефонот при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши" изминатата година се регистрирани 113 јавувања, што е нешто повеќе од годината пред неа и има тренд на зголемување. 

Најчесто на телефонот се јавуваат возрасни и нема јавувања од деца. Тоа е показател дека треба поинтензивно да се работи на охрабрување на децата да се јавуваат.

Ова денеска на прес-конференција го истакна координаторот на СОС телефонот, Јорданка Черепналкова Трајкоска, која рече дека од 113 јавувања 69 отсто биле од септември до ноември минатата година, а 34 отсто од сите регистрирани случаи се во септември, што се должи на проблемот кој тогаш беше актуелен, а тоа беше незапишани деца во прво одделение заради непримената задолжителна МРП вакцина која беше резултат на одлуката на Владата поради епидемијата со морбили.

– Размислуваме да воспоставиме координација меѓу сите кои сме засегнати и секој да придонесе заради доброто на децата, затоа што и на училиштата, здравствените домови и на центрите, односно сите кои имаат директна или индиректна врска со децата интересот е детето. Почнуваме една таква иницијатива за да видиме кој каде во тој систем може најдобро да придонесе. Подлабок е проблемот, треба поинаку да се пристапи. СОС е само една алатка, истакна Черепналкова Трајкоска на презентацијата на годишниот извештај за работата на СОС телефонот.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека мал е процентот за постигнување ефикасност во решавање на проблемите и посочи дека можеби треба поинтензивно да работат, со цел со едно јавување, обраќање или интервенција да може да се реши случајот кој може трае подолго време и се инволвирани повеќе чинители, а треба и посистематски и посистемски да се вклучат. Појасни дека институциите одговараат на нивните јавувања.

– Од сите кои ни се јавуваат 74 отсто се Македонци, 19 отсто се Роми, а четири отсто се Албанци. Ова е показател дека треба да преземеме нешто за да ја доближиме СОС линијата до сите останати етнички заедници, додаде Черепналкова Трајкоска.

Претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши", Драги Змијанац рече дека децата не се јавуваат на линијата најверојатно поради тоа што немаат доверба дека институциите ќе постапат соодветно и многу често по нивни дојави или дописи се случува институциите тогаш дури да се стават во функција во заштита на децата и нивните права.

– Ние колку и да сакаме да ги охрабруваме да се јавуваат децата таа сигурност ја немаат. Во одреден случај е спорна и анонимноста, бидејќи многу често се случува кога сакаме да ја загарантираме анонимноста, државните институции да бараат од нас да го пријавиме дојавувачот, што е спротивно на кодексот на работа на СОС телефонот за деца и млади при Меѓаши. Од 113 случаи на прекршени детски права изминатата година директно биле опфатени 228 деца, истакна Змијанац.

Додаде дека првите пет најчести прекршувања на правата на детето според категоријата на проблемот на кој се однесува дојавата се детската сиромаштија (25 отсто), правото на образование (19 отсто), видување со двајцата родители (11 отсто), семејно насилство (седум отсто) и насилство во воспитно – образовните институции (шест отсто).

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер