Денеска во „Само интервју“ гостин ќе биде Стево Пендаровски

Дами и господа, последниот работен ден е резервиран за Само Интервју. 

За евро-атланските интеграции и реформските процеси како карта за влез во „големото“ друштво и за тоа каде оди Македонија слушнете ја вистината директно од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Поранешен пратеник на СДСМ, национален координатор за НАТО и претседател на ДИК, се само дел од неговото богато политичко искуство. Но може ли да ни каже дали е задоволен со 30-тото столче во НАТО наспроти место во европската чекална?

Како професор по геополитика, може ли да ни каже каква е улогата на малите држави на светската политичка сцена?

Дали можеби „подранивме“ со употебата на новото име?

Но на домашната сцена пак, ги потпиша указите за законите меѓу кои и законот за ЈО за кој беше потребен и „Бадентер“.

Дали и тој можеби „случајно“ згреши како спикерот Џафери?

Кои се неговите лични очекувања, имаме ли капацитет на дело да ги реализираме реформските закони?

Има ли комуникација со неговиот претходник Иванов, а каква му е релацијата со Бранко Црвенковски?

Дали профункционираа институциите откако „режимот“ падна од власт?

Умилкување на стратешките партнери или почитување на правото, дали разрешувањето на техничката Мизрахи ќе ни ги реши проблемите во судството?

Дали според него ќе имаме странско „мешање“ во изборниот процес?

Очекува ли тектонски поместувања на македонската политичка сцена по 12-ти април?

Ќе не огрее ли „Европско“ сонце или не’ демнее нов политички ќорсокак, петок е ден за Само Интервју, а Гоце Михајлоски одговори ќе бара од претседателот на државата Стево Пендаровски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер