Бројот на починати од новиот Коронавирус во Кина е 1.921, регистрирани 1693 нови заболени

Бројот на починати од новиот Коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми за 132, достигнувајќи 1.921, соопшти локалната здравствена комисија.

Во соопштението се додава дека во провинцијата се регистрирани 1.693 нови случаи, со што вкупниот број заразени е 61.682.

Бројот на новопотврдени случаи на новиот Коронавирус во Хубеи е на најниско ниво од 11 февруари и е под 2.000 втор ден по ред.

Најголем број смртни случаи има во главниот град на провинцијата Вухан, за кој се верува дека во него почна ширењето на заразата.

Во Вухан се пријавени 116 нови смртни случаи, а во градот досега починале 1.487 луѓе од новиот Коронавирус.

притисни ентер