Огнените водопади , чудесен феномен што постои само деновиве (ВИДЕО)

Националниот парк „Јосемити“ се наоѓа во Калифорнија, на планината Сиера Невада.

Тој е еден од најпосетуваните паркови, а исто така е познат по  необичниот природен феномен наречен огнен водопад.

Овој  водопад се појавува повремено кога врне дожд или се топи снегот од Ел Капитан, висока гранитна карпа. Тече од висина од околу 619 метри, а секоја година, околу Денот на вљубените, зраците на сонцето паѓаат на водопад под таков агол што ги прекршува гранитот зад водопадот, давајќи и на водата светло црвеникава боја, создавајќи илузија на оган или течна лава. Овој природен феномен трае приближно две недели.

Со години значело среќа да се биде на ова место во вистинското време на овој зачудувачки настан. Затоа Арон Мејерс, фотограф и инженер, дизајнираше компјутерска програма за мерење на аголот под којшто сјае сонцето. Притоа, тој предвиде дека на 22 февруари ќе биде најдобро време за гледање на водопадот, пишува Унилад.

Минатата година, дури 2.000 луѓе го посетија паркот за еден ден, едвај чекајќи да се сликаат на огнените водопади. Националната служба за паркови одлучи да го ограничи пристапот оваа година за да се заштити животната средина што е можно повеќе, вклучително и локалната вегетација и реката Мерцед што тече низ паркот.

На нивната веб-страница се наведува дека посетителите оставиле ѓубре зад нив минатата година.

притисни ентер