Епл предупредува на глобална криза со Ајфони поради коронавирусот

Американскиот технолошки гигант „Епл“ предупреди за евентуален глобален недостиг на iPhone по привременото затворање на фабриките во Кина поради епидемијата на коронавирус.

„Глобалното снабдување со iPhone ќе биде привремено ограничено, што влијае на светските приходи“, се вели во изјавата на компанијата објавена вчера.

„Епл“ произведува најголем дел од своите производи во Кина и заради епидемијата на коронавирусот се принудени привремено да затворат некои фабрики и продавници.

Фабриките на производителот на iPhoe се наоѓаат надвор од провинцијата Хубеи, каде што избувна епидемијата, соопшти американската компанија, истакнувајќи дека производството е обновено во меѓувреме, но со побавно темпо од очекуваното.

Тие исто така признаваат дека побарувачката опаднала и во Кина.

„Сите наши продавници и многу продавници на нашите партнери во Кина се затворени, а оние што се отворени, работат кратко и со многу малку потрошувачи“, соопшти Епл.

„Постепено ги отвораме нашите продавници и ќе продолжиме да со тоа, водејќи најголема сметка за стабилноста и безбедноста“.

„Епл“ исто така соопшти дека нема да генерира приход од 63 до 67 милијарди американски долари во првите три месеци од овој месец.

„Очекуваме дека нема да го исполниме планот за приходи во тримесечниот период што завршува кон крајот на март“, се вели во соопштението.

притисни ентер