Хари и Меган Маркл снимаат серијал за ментално здравје со Опра Винфри

Главната тема на сериите на принцот Хари за менталното здравје се неговите посети во болниците и центрите за лекување, потврди добротворната организација „ Combat Stress“.

Организацијата ,, Combat Stress” им помага на воените ветерани да се борат со вознемиреност, депресија, посттрауматско стресно нарушување и други проблеми. Организацијата потврди дека учествува во продукцијата на сериите со Опра Винфри, која ќе се прикажува подоцна оваа година. Мегхан Маркл е исто така вклучена во продукцијата на овој проект.

Шестиот по ред за британскиот трон, принцот Хари, неодамна зборуваше отворено за неговата борба за менталното здравје. Во оваа пригода, тој откри дека му било потребно стручно советување по смртта на мајка му.

Претставниците на „ Combat Stress“ потврдија дека во серијалот ќе ги посетат болниците во Велика Британија и центрите за третман. Оваа добротворна организација има три центри за третман во Велика Британија.

Организацијата е спонзорирана од таткото на Хари, принцот Чарлс. Минатата година, тој ја основа Фондацијата At Ease Appeal, чија цел е да собере 10 милиони фунти, за да помогне во финансирањето на борбата за ментално здравје и како се испорачуваат услугите за ментално здравје до 2022 година.

Бакингемската палата одби да коментира за серијата, која пристигнува на Apple TV. Кралската фондација, спонзорирана од војводата и војвотката од Сасекс, како и војводата и војвотката од Кембриџ, започна неколку иницијативи за ментално здравје.

Тоа вклучува започнување на кампањата „Heads Together“ за борба против стигмата и промена на разговорите за менталното здравје и кампања за контакти насочена кон помагање на припадниците на вооружените сили да добијат пристап до поддршка.

Минатата година Меган и Хари присуствуваа на инаугурацијата на добротворната организација за ментално здравје, која беше поддржана, меѓу другото, и од Кралската фондација. Организацијата нуди поддршка во текот на 24 часа, 7 дена во неделата на сите оние кои се борат со проблеми со менталното здравје.

Принцот Хари и Меган го откриле својот план да се повлечат од Кралската фондација и да основаат своја фондација во јуни 2019 година, шест месеци пред да одлучат да се повлечат од кралското семејство.

„Динамичниот документарен филм во неколку епизоди ќе се фокусира на менталните болести и менталното здравје. Има за цел да ги инспирира гледачите да имаат искрен разговор за предизвиците со кои се соочуваат и да учат од секој од нас, не само како да преживеат, туку и да напредуваат“, напишаа Хари и Меган на својот профил на Инстаграм.

Палатата Кенсингтон издаде објава во април минатата година.

„Возбудени сме да објавиме дека Војводата и војвотката од Сасекс и Опра Винфри ќе бидат партнери, ко-креатори и ексклузивни продуценти на претстојната серија за ментално здравје, која ќе се емитува на Apple TV во средината или крајот на 2020 година. Двојката веќе неколку месеци ја развива серијата и тие се многу среќни што го споделија овој важен проект “, напишаа лани од палатата.

Бараат ли Албанските политичари загарантирана „7ца на Лото“ за следното коло на 15 Јули?

Колку наивно да изгледа, „политичкото“ барање на ДУИ за етнички Албанец премиер, на кое се надоврзаа и Села и Тачи, треба да ги загрижи сите останати политички структури и граѓани во Македонија.

Барањето за „етнички Премиер“ на ДУИ, и последно објаснување на Бујар Османи во минатото издание на Само Интервју наликува на аналогија со игра на Лото.
Луѓето си уплатиле ливчиња ( албанските партии се пријавиле за учество на избори ), легитимно и чесно, секој може да „игра Лото“, а уплатата е за следното „коло“ на „Лото“ закажано за 15 Јули, при што велат - ако нам не ни падне „седумката“ , тој што ќе има најмногу среќа „ да победи на изборите“, односно да му се падне „7ката“ нема да може да се израдува на „наградата“...или добитникот ќе ни ја даде наградата , или ние ќе си направиме „наше Лото“, а дури може и да се „истепаме“ - што би кажал Мендух Тачи вечерва, дека ако нема Влада без Албанците, можно е повторно да има војна.
Латентно, бенигно, дел од албанските политичари ни праќаат политичка но и општествена порака дека после 15 јули можно е да се случи поделба на : „ние„ и „вие“, нешто што се нарекува Бинационална држава или федеразлиација на Македонија
Чудно е што институциите како што се ОЈО, МВР и др. се прават и „глуви и слепи“ на канонадата на заканувачки изјави на дел од албанските политичари , кои велат - зошто Македонците треба да имаат ексклузивитет за политичката позиција Премиер, и ако не се случи тоа , не се знае како ќе „заврши“ целиот тој изборен процес?
Дополнително, малку и вознемирува што останатите етнички партии, пред се македонските, турските, српските, босанските,речиси воопшто не реагираат на овие типични и класични „закани“, кои воопшто не смеат да се сметаат само како ефтин „политички маркетинг“. Искуството едноставно тоа ни го кажува, искуството од блиското минато, особено последните 4 години.

Дали тоа дел од Албанските политичари ги „будат духовите“ од 2001, останува да се види после изборите на 15ти Јули, но сакајќи или не се поставува следново прашање:
Што доколку не се „падне 7ката“, на следното „коло на Лото“ на 15 Јули, туку има двајца добитници на „6ка“, и тоа двајца Македонци?
Ќе биде ли некој од нив, двајцата добитници на „6ка“, политички доблесен и дали ќе ја подели наградата од “6ката“ со некој кому не му се паднала ниту „4ка“?
Стануваме ли полека „Лото држава“, во која 7цата не е “главната награда“ туку „4ката“?

15 Јули е блиску...ќе биде многу интересно, особено за коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите во Белград насилно влегоа во зградата на Собранието, има повредени (ВИДEO)

Илјадници демонстранти , кои протестираат против новите рестриктивни мерки што ги најави претседателот Александар Вучиќ , упаднаа насилно во зградата на Собранието.

Со повици и запалени факели , десетици демонстранти влегоа насилно во згрсдата на парламентот. Полицијата кон нив фрлаше солзавец , но сепак не успеа да ги спречи .

Во судирот со полицијата има и повредени граѓани , но нивуот број засега не познат . Се знае дека полицијата почнала да приведува дел од демонстрантите кои упаднале во зградата на Собранието.

Околу 22 часот илјадници српски граѓани се собраа во близина на зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот на земјата, Александар Вучиќ, дека ќе бидат вратени драстичните мерки, вклучително и враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на отворено.

Хаос во Белград: Илјадници излегоа против полицискиот час на Вучиќ , полицијата употреби солзавец (ВИДЕО)

Илјадници српски граѓани се собраа во близина на зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот Александар Вучиќ, дека ќе бидат вратени драстичните мерки, вклучително и враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собирање .

Граѓаните се собраа во близина на српскиот парламент и го запреа сообраќајот на платото пред зградата на парламентот. Најпрво имало неколку стотици , а тој број се зголеми на неколку илјади во текот на вечерта.

Луѓето извикуваат „Вучиќ крадецу“, „Вучиќу пе**ру“, „Оставки“, „Предавство“, свиркаа и некои удараа со тенџериња.

Поединци исто така извикуваат „Косово е срцето на Србија“, „Не сакаме мигранти“.

Околу 22:10 часот, демонстрантите тргнаа кон зградата на парламентот. На платото пред зградата на Собранието, тие запалија факели и почнаа да се пробиваат во зградата. Дел од нив успеаја, по што оклопната полиција интервенираше и успеа да ги избрка од парламентот.

Илјадници луѓе сега се пред зградата на Собранието, а кордон на полицијата е пред вратата во целосна подготвеност.

притисни ентер