Бизарен фестивал на голотијата се одржа во Јапонија (ВИДЕО)

Илјадници мажи се собраа да учествуваат на годишниот „Гол фестивал“ на островот Хоншу, Јапонија.

Вистинско име на фестивалот е „Хадака Мацури“, а овој фестивал се одржува во храмот Саидаџи Канонин, во близина на градот Окајама.

Фестивалот ја слави „церемонијата на доаѓањето на пролетта, просперитетот и плодноста“.

Околу 10,000 машки учесници носат многу малку облека и трчаат околу храмот прочистувајќи се во студена вода.

Потоа, сите брзаат кон главната зграда на храмот и настанува вистинска тепачка кога свештеникот започнува со фрлање стотици гранчиња, меѓу кои и две „среќни стапчиња“.

Учесниците на фестивалот се натпреваруваат едни со други да ги фатат стапчињата, затоа што оној што ќе ги фати, според легендата, го очекува среќа цела година.

Целиот настан трае само околу триесет минути, а учесниците често завршуваат со ситни исеченици и модринки.

Секоја година, овој фестивал привлекува многу посетители од Јапонија, како и од други земји.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер