Политичките партии започнаа со активни подготовки за кандидатските листи за пратеници. Се спроведуваат анкети од кои партиите бараат одговори кои политичари најдобро котираат кај гласачкото тело за идниот парламентарен состав. Носителите на изборните единици од ВМРО ДПМНЕ ќе бидат познати на почетокот на март, а на листите, како што вели лидерот на партијата Мицкоски, освен пратеници кои и се познати на јавноста, ќе се најдат и нови имиња.
,,Носителите, ќе бидат објавени помеѓу 1 и 5 март отприлика на изборните единици, а останатиот список не подоцна од 10 март ќе бидат луѓето кои што ќе бидат дел од пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.Ќе има најголем дел луѓе кои што ете за прв пат би се нашле на пратеничката листи, но ќе има и такви чиe што искуство е потребно во рамките на пристојно функционирање во Парламентот.)
Кои политичари ќе ги предводат пратеничките листи на СДСМ ќе се дознае на партискиот конгрес. Предност за предлози ќе имаат органите на партијата, но оттаму велат дека оставаат простор и за самокандидирање, што беше пракса и за претседателските избори минатата година.
Официјалниот старт на изборната кампања е најавен за втората половина на март, но лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ уште овој месец ќе го имаат првото јавно вкрстување на ставовите и аргументите.. Првото соочување во на Заев и Мицкоски воова предизборие ќе биде на Канал 5, следниот петок, на 28 февруари... двајцата изразија подготвеност да дебатираат на сите актуелни теми од политиката, со посебен фокус на економијата.