Кина објави обемно истражување за Ковид – 19, досега околу 1.800 починати од болеста, меѓу нив нема деца

Осумдесет отсто од заразените со корона вирусот се во стабилна состојба, а само околу четири отсто во критична, се заклучува во најновата студија на кинеските здравствени власти. 

Најпогодени од вирусот се старите лица, но и хронично болните, особено оние со дијабетес, кардиоваскуларни и респираторни болести. Од кинескиот Центар за контрола на болести додаваат дека досега не е забележан смртен случај кај децата до двегодишна возраст, од друга страна, смртноста кај заболените до 39 години е ниска и изнесува 0,2%, а е дури 8% кај лицата над 70 години. Сепак, истражувањето предупредува за висок ризик за медицинскиот персонал. Докторот Ју Чангпинг, од клиниката во Вухан, кој и самиот е заболен и престојува во карантин, апелира да се јакне имунитетот.

„Најдобриот лек е здраво тело и силен имунитет. Терапијата помага, иако заразноста е висока. Ќе се пронајде лек, не паничете.“ вели д-р Ју Чангпинг – Универзитетска клиника во Вухан.

Кинеските власти се пофалија и дека опаѓа бројот на заразени, но од СЗО веднаш реагираа, велејќи дека е прерано за вакви констатации. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска нагласи дека ситуацијата е опасна, иако засега не е надвор од контрола.

Јапонското Министерство за здравство, пак, дозволи 500 патници да го напуштат карантинот од крузерот „Дајмонд принцес“, чии анализи биле негативни, што не важи за членовите на екипажот, меѓу кои има и македонски државјани.

Инаку, според најновите информации, над 72 илјади лица се заразени, а над 1.900 починаа од корона вирусот.

Обновено: Пронајдена е исчезнатата жена од Скопје, сeмејството се заблагодарува

Пронајдена е исчезнатата жена од Скопје. Синот на Павлина им се заблагодарува на сите на помошта. 

Синот на Павлина им се заблагодарува на сите граѓани, а особено на полицајците од полициската станица Пролет, кои помогнале во пронаоѓањето на неговата мајка.

Јутјубер се расфрла со милиони по победата во боксерски меч (ВИДЕО)

Јутјуберот Џејк Пол објави нова фотографија на својот Инстаграм профил откако го доби третиот боксерски меч.

„1,5 милиони платени прегледи на натпреварите, собрани 75 милиони долари“, напиша тој во објавата покрај фотографијата на која позира со банкноти расфрлани низ тревникот.

24-годишната YouTube ѕвезда неодамна се фрли во боксерските води кревајќи голема прашина. Додека едни веруваат дека тој има место меѓу професионалните боксери, други веруваат дека за Пол тоа е само шоу, глуми и собира пари и дека неговата боксерска кариера ќе заврши штом влезе во ринг со професионален боксер.

Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали со новата тетоважа на задникот (ФОТО)

Ирланд Болдвин ја покажа новата тетоважа на задникот, позирајќи во бикини.

25-годишната ќерка на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали на Инстаграм со новата тетоважа. „Ставив нова тетоважа затоа што сум импулсивна“, напиша таа покрај фотографијата во костим за капење, за која од вчера доби повеќе од 18.000 лајкови.

Тетоважите не и ’се туѓи на младата манекенка и актерка, со оглед на тоа што на рацете има разни дизајни. Уште во 2015 година, на нејзиниот зглоб и беше истетовиран зборот Écureuil (верверица на француски јазик), што е наводно прекарот што и го дал нејзиниот славен татко.

Ирланд исто така не се срами да го покаже своето тело, а во неколку наврати дури и Алек Болдвин реагирал на социјалните мрежи за тоа.

притисни ентер