Милошоски најави средба со Русковска на која ќе и достави аудио материјал поврзан со „Рекет"

Утре во 9:00 часот на моја иницијатива, во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со Вилма Русковска. 

Целта на закажаната средба е на обвинителката да и го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил.

Тој додава дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина, како што пишува, „произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ".

Се надевам, додава Милошоски, дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.

Доаѓа новиот Peugeot 308, по него пристигнува и караван

Познат е датумот на премиерата на новиот Peugeot 308.

Како што е познато, Peugeot премиерно ќе ја претстави новата генерација на моделот 308 на 18 март. Покрај новото лого, моделот добива и нов израз на дизајнот воведен од моделот 508 и последователно усовршен преку 208, како и кросоверите почнувајќи од 2008.

Рускиот магазин Kolesa.ru сега покажува што точно да очекуваме. Без сомнение, новиот 308 ќе биде забележително попривлечен од неговиот претходник, кој што беше доста конзервативен во напорите да се доближи до премиум сегментот. Русите сега го откриваат и караванот, што, како и 508, за некои ќе биде уште поинтересна опција. Особено на задниот дел каде тенките хоризонтални светла отвораат сосема нов впечаток за автомобилот.

Новиот 308 најверојатно ќе биде поставен на надградената платформа ЕМП2. Тековните информации одат во насока дека сите мотори ќе бидат електрифицирани во одредена доза, а на врвот треба да се најде plug-in хибрид со максимални 225 КС.

Да потсетиме, сè уште е неизвесно дали и караванот ќе биде претставен на 18 март, како и кога ќе биде претставена изведбата на кросовер, според моделот Focus Active на Форд.

Емили Ратајковски се слика сосема гола пред породување (ФОТО)

Манекенката Емили Ратајковски на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои позира целосно гола гордо покажувајќи го трудничкиот стомак.

29-годишната манекенка позира на кревет и покрај прозорец. Таа исто така објави фотографии на кои носи долна тренерка и машки блејзер.

Ова не е прв пат Емили да позира целосно гола.

Манекенката е во 36-та недела од бременоста, а откри и дека ќе му овозможи на своето бебе само да одлучи за својот пол.

Во Бристол им се суди на лицата , кои фрлија статуа на робовладетел во море

Тројца мажи и една жена пред судот во Бристол се изјасниле за невини за учество во рушењето на статуата на Едвард Колстон, сопственик на робови и трговец со робови од 17 век во Бристол, во југо-западна Англија.

За време на демонстрациите против расизмот на 7 јуни минатата година во Бристол, како дел од глобалниот бран протести наречен „Црните животи се важни“, беше срушена статуата на овој британски сопственик на робови и фрлена во пристаништето во Бристол.

притисни ентер