,,Бродот на духови” по една и пол година самиот стигна во Ирска (ВИДЕО)

Напуштениот товарен мотор МВ Алта се насука на карпите крај брегот на Ирска во близина на округот Баликитон во округот Корк, пренесува „Гардијан“.

Со тоа се заврши главно непознатата одисеја на бродот , долг 77 метри што пловеше низ  Атлантикот меѓу Америка, Европа и Африка изминатата година и половина.

И покрај тоа што екипажот го напуштил , цврстиот брод останал над водата цело време, се додека неговото осамено патување на крајот не го донесе невремето Денис до брегот на Ирска по силната бура.

Штом се насука на брегот , бродот привлече многу љубопитни, поради што локалните власти издадоа предупредување до јавноста во кое се вели да „не пристапуваат кон бродот бидејќи се наоѓа на опасен дел од брегот“.

Бродот веќе бил прегледан (и снимен) од страна на ирската крајбрежната стража, а според првите слики, се смета дека не постои опасност од истурање гориво во морето.

МВ Алта е изградена во 1976 година и долго пловела под знамето на Танзанија. Бродот го сменил сопственикот во 2017 година и се најде во неволја во септември 2018 година на патот од Грција до Хаити кога неговите мотори откажале на 2200 километри од Бермуда.

Бидејќи пет-члениот екипаж не успеа да го санира, МВ Алто на крајот беше напуштен кога пристигна брод на американската крајбрежна стража  за да ги однесе во Порто Рико. Крајбрежната стража веднаш стапила во контакт со сопственикот на бродот за да организира реморкер што ќе го донесе бродот на брегот. Потоа, бродот, наводно, бил влечен во Гвајана, каде, наводно, бил киднапиран.

После тоа , на бродот му се губи трагата, сè додека не беше снимен среде Атлантикот во август минатата година од екипажот на британскиот патролен брод HMS Protector. Тогаш беше јасно дека бродот неконтролирано плови по океанот. Потоа, се смета дека МВ Алта отпловил до бреговите на Африка и потоа поминал покрај брегот на Шпанија за на крајот да го заврши патувањето во Ирска.

притисни ентер