Коронавирусот им создава сериозни проблеми на БМВ, Мерцедес и на Фолксваген

Епидемијата на коронавирусот во Кина им создава проблеми на БМВ, Мерцедес и Фолксваген.

Бројот на продадени автомобили опаѓа како резултат на заразата. Кина е најголемиот пазар за германските производители, кои и покрај тоа не се во најдобра форма.

Помалку од половина од произведениот број автомобили ќе се продаваат во Кина во февруари, според аналитичарите во швајцарската банка УСБ. Тие исто така веруваат дека производството, исто така, ќе се намали за околу 20 проценти, како резултат на затворените фабрики, проблемите со снабдувањето и, се разбира, со падот на побарувачката, пренесува Дојче веле.

Коронавирусот, познат и како Ковид-19, носи нови проблеми за германската автомобилска индустрија, која сè уште се опоравува од Дизелгејт, скандал со издувните гасови и се соочува со намалена глобална побарувачка и зголемени тарифи како резултат на конфликтот меѓу САД и Кина.

Мерцедес Даимлер и Ауди, кое припаѓа во групата Фолксваген, во последните неколку месеци најавија дека ќе бидат скратени околу 20.000 работни места. Причината: и двете компании се обидуваат да заштедат пари за да го финансираат производството на електрични автомобили. Слични вести доаѓаат од компаниите за делови за автомобили, вклучувајќи ги и Континентал или Бош.

Германските производители на автомобили и нивните снабдувачи се најмногу изложени на ефектите на коронавирусот, повеќе од нивните конкуренти во другите европски земји, раскажува Емихуел Бул од Фич Рејтингс за Дојче веле.

„Ризикот за германските производители главно доаѓа од паѓање на продажбата, а не од прекинување на производството, бидејќи БМВ, Дајмлер и Фолксваген немаат фабрики во покраината Хубеи“, вели Бул.

За разлика од американските и кинеските производители на автомобили, германските компании последниве години го зголемуваат својот удел на кинескиот пазар и покрај генералниот пад на побарувачката во оваа азиска земја. Најновите бројки велат дека Кинезите купуваат четири од десетте автомобили Фолксваген и скоро три од секои десет БМВ и Мерцедес.

притисни ентер