На бумбарите им се заканува исчезнување поради климатските промени

Бумбарите, едни од најважните опрашувачи во природата, во моментов се загрозени бидејќи нивниот број драстично се намалува.

Според новата студија, овие инсекти многу поретко се среќаваат од порано - во Северна Америка, тие се двојно поретки во сите области во однос на 1974 година. Тие се специјализирани за ширење на полен и опрашување на многу видови растенија, вклучително и земјоделски производи, како домати, боровинки и тиквички, пренесува National Geographic.

Неколку порано вообичаени видови на бубачки исчезнале од многу области каде што можеле да се видат и биле истребени од овие места.

Во новата студија, објавена во списанието Science, истражувачите користеле комплексен процес за да утврдат дали климатските промени се виновни за намалувањето на бројот бубачките.

Научниците го испитале присуството на 66 видови на бумбари на два континента и откриле дека во области што станале потопли во последните години или каде се пријавени екстремни температурни промени, ретко може да се забележат . Во Европа, нивниот број опадна за 17 проценти од почетокот на 20 век.

Според научниците, „климатскиот хаос“ е главниот виновник за намалувањето на бројот на бумбарите.

„Овој пад се должи на тоа што видовите се принудени да издржат температури што порано ги немало. “, вели водечкиот научник во студијата Питер Сорој, од Универзитетот во Отава, кој посочува дека исчезнувањето на бумбарите во одредена област значи дека тие или се преселиле или изумреле.

Последните пет години беа најтопли во последните 14 децении.

Фактот дека бројот на бумбари е намален е сериозен проблем за животната средина, бидејќи нивните можности за опрашување ги бараат многу растенија.

Плус, постои економски проблем - според некои проценки, бумбарите придонесуваат со повеќе од 15 милијарди долари во американската економија со опрашување на обработливото земјиште.

Климатските промени не се единствениот фактор што придонесува за падот на бројот на инсектите. Загрозени се и од неониотиноиди, пестициди кои се многу токсични за сите видови пчели, како и со уништување на живеалиштата со претворање на одредени диви области во обработливо земјиште, ширење патогени и ослободување на не-домородните пчели кои се доведени во специфични области заради опрашување.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

Германската шефица на дипломатијата во кавга со Нетанјаху за снимките од пазарот во Газа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се судрија за време на состанокот во Ерусалим околу хуманитарната помош за Појасот Газа, пренесоа германските медиуми.

Баербок и Нетанјаху се судрија околу тоа дали жителите на Појасот Газа имаат доволно храна на располагање. Нетанјаху ѝ покажа фотографии на Баербок, наводно од северниот дел на Газа, каде што се вели дека хуманитарната криза е најлоша, а на кои што се гледаат пазари преполни со овошје, зеленчук и други прехранбени производи.

Како одговор, Баербок на својот мобилен телефон покажа фотографии од прегладнети деца од Појасот Газа и рече дека фотографиите што ги покажал Нетанјаху не се вистинити.

Според израелската ТВ станица Канал 13, израелскиот премиер рекол: „Ние не сме нацисти“, алудирајќи на пропагандните филмови на националсоцијалистичкиот режим кои сугерираа изобилство и добри услови за живот во варшавското гето во 1942 година.

Нетанјаху рече дека фотографиите на кои се прикажани преполните пазари во Газа се од израелската државна канцеларија Когат, која е задолжена за контакти со Палестинците и хуманитарна помош. Германското Министерство за надворешни работи воздржано реагираше на медиумските написи и соопшти дека тие „не го одразуваат вистинскиот тон“ што преовладувал за време на разговорите.

Според овие информации, Баербок, која вчера престојувала во Израел за да укаже на лошата хуманитарна состојба во Појасот Газа и да се бори за поголема помош, не му замерила на Нетанјаху дека фотографиите што ги има се лажни, туку дека не одговараат на севкупна слика за состојбата на цивилите во Газа.

притисни ентер