ЕУ донира 100 милиони евра помош за Албанија

Европската Унија денеска вети 100 милиони евра помош за Албанија по катастрофалниот земјотрес во ноември.

„ЕУ обезбеди 100 милиони евра од буџетот“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на донаторската конференција „Заедно за Албанија“.

Новата помош доаѓа откако во декември беше испратена амбулантата на ЕУ во Албанија , вредна 15 милиони евра.

Во земјотресот на 26 ноември во Албанија загинаа 51 лице, стотици беа повредени, а голем број згради беа срушени.

Штетата се проценува на 985 милиони евра во една од најсиромашните земји во Европа, но се очекува да биде поголема како резултат на бавниот економски раст.

Донаторската конференција вклучува претставници на ЕУ, земји-членки, партнери од Западен Балкан, ООН и Светска банка.

Покрај реконструкцијата, Албанија треба да ги заостри своите градежни регулативи затоа што безбедноста на зградите не беше земена предвид при изградба на урнатите згради од земјотреси, вклучително и крајбрежните хотели.

притисни ентер