Од коронавирус почина и главниот доктор на болницата во Вухан

Главниот доктор на болницата во Вухан почина денеска откако се зарази со коронавирусот „Ковид-19“,  објавија кинеските медиуми.

Д-р Лиу Жиминг беше директор на болницата Вочанг во градот за кој се смета дека е епицентар на болеста. Неговата смрт ја потврди „Чајна Дејли“, официјалниот весник на кинеската комунистичка партија.

Весникот ја твитна веста: „Лиу Жиминг, директор на болницата во Вухан , Вучанг, почина на 17 февруари поради инфекција со COVID19. Тој е првиот директор на болницата што почина од коронавирус. РИП."

Тој е последен во низата медицински лица кои се жртви на оваа болест, која досега заразила 71.450 лица.

Вкупниот број на загинати во моментов изнесува 1.776, со петмина надвор од Кина.

Светската здравствена организација денес соопшти дека не смета дека избувнала „пандемија“ во моментов и дека се фокусира на заштита на здравствените работници ширум светот.

Израел се подготвува за втора фаза на вакцинации, ќе се вакцинираат и децата

Израел планира втор круг на вакцинации против ковид-19 во рок од шест месеци, а дотогаш очекува регулаторите да одобрат вакцинација и за деца, најави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Околу 81 процент од израелските граѓани или жители постари од 16 години ги примиле двете дози на вакцината.Во Израел, кој ја спроведе најбрзата вакцинација во светот, децата под 16 години не можат да се вакцинираат со Pfizer.

Израелските власти соопштија дека планираат да ги вакцинираат децата на возраст од 12 до 15 години по одобрување од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Pfizer и партнерската компанија BioNTech побарале вонредно одобрение за вакцина од ФДА за наведената возрасна група на почетокот на овој месец.Во телевизиско обраќање, Нетанјаху рече дека Израел постигнал договор со „Фајзер“ и „Модерна“ за купување дополнителни 16 милиони дози од вакцините.

Израел има 9,3 милиони жители.

„Ние се подготвуваме за нова кампања за вакцинација за шест месеци“, рече израелскиот премиер.

„Подгответе ги рамената и мускулите, ако сакате, и за децата исто така, затоа што проценуваме дека вакцините за деца ќе бидат дотогаш одобрени“, додаде тој.

Вакцинацијата на деца и млади се смета за критичен чекор кон постигнувањето колективен имунитет и совладување на пандемијата, велат многу експерти.Pfizer соопштува дека нивната вакцина е безбедна, ефикасна и произведува силни антитела кај деца и млади на возраст од 12 до 15 години.

Извршниот директор на Фајзер изјавил дека на луѓето „веројатно“ ќе им треба трета дополнителна доза на вакцината во рок од 12 месеци, а можеби ќе требаат и годишни вакцини.

Мерцедес го претстави електричниот EQB (ФОТО)

Mercedes на саемот во Шангај го претстави EQB, електричната верзија на моделот GLB.

Станува збор за кинеска верзија на линијата АМГ со 215 kW што ќе се произведува во Пекинг и е најава за европската верзија, за чие производство ќе бидат одговорни унгарските постројки на компанијата. Европската верзија на моделот ќе носи ознака EQB 350 4Matic, и ќе нуди домет од 419 км. Полначот за наизменична струја од 11 kW е дел од опремата, а системот ќе се полни со моќност до 100 kW DC полнач. Почетокот на понудата ќе биде батерија од само 66,5 kWh. И моќноста на погонот ќе надмине 200 kW со погонот 4Matic.

Карактеристичниот изглед е надополнет со ексклузивни додатоци како што се тркала од 20 инчи со нов дизајн, лесни ленти помеѓу фаровите, предните и задните. Димензиите и понудата на простор во кабината се идентични со верзиите со класични мотори со внатрешно согорување. Единствените разлики во деталите ги има во розово-златната боја и дигиталниот кокпит со интерфејс прилагоден на електричниот погон.

Цените и спецификациите сè уште не се познати, но се очекува да бидат понудени како за EQB 300 и EQB 350.

Џонсон: Наесен ќе имаме таблети против ковид-19 и ќе се лекуваме дома

До есен, на Британците може да им се даде нов начин на лекување на ковид-19 - земање антивирусни апчиња дома.

За време на прес-конференцијата, премиерот Борис Џонсон најави формирање владина работна група за идентификување на најефикасните антивирусни лекови што можат да се земаат од дома.

Следејќи го примерот на групата што обезбеди пристап до вакцините, работната група ќе има задача да го поддржи развојот на нови антивирусни третмани преку клинички испитувања, за да осигури дека тие можат да им бидат дадени на пациентите уште наесен.

Говорејќи на конференција во Даунинг стрит, премиерот рече дека акцијата е замислена како „понатамошна линија на медицинска одбрана“ против коронавирусот.

„Ова значи, на пример, дека ако имате позитивен тест, може да има таблета што може да ја земете дома за да го запрете вирусот и значително да ги намалите шансите инфекцијата да се претвори во посериозна болест“, рече Џонсон, додавајќи:

„Или, ако живеете со некој што има позитивен тест, може да има апче што би го пиеле неколку дена за да го запрете заболувањето кај вас“.

Амбициозната цел на владата оваа година е да има најмалку два ефективни лекови - или во форма на таблети или капсули - што јавноста ќе може да ги зема дома по позитивен тест за ковид-19 или изложеност на вирусот. Премиерот рече дека „не можеме да бидеме измамени дека COVID го нема“.

Тој предупреди дека повеќето научници во земјата го делат ставот дека оваа година земјата може да доживее уште еден бран на инфекции.

„И затоа мораме - колку што е можно - да научиме да живееме со оваа болест, како што живееме со други болести“.

Новите лекови, најавени од премиерот, можат да помогнат во спречување на порастот на инфекции и ограничување на влијанието на новите варијанти на Ковида-19.

Министерот Мет Хенкок укажа на успехот на Обединетото Кралство во прелиминарното утврдување како на постоечките лекови - како што се дексаметазон и тоцилизумаб кои обично се користат за лекување на ревматоиден артритис – дека може да се користат за лекување на ковид. Заедно со една од најуспешните програми за вакцинација во светот, употребата на лековите како дексаметазон спаси 22.000 животи во Велика Британија. Се проценува дека оваа бројка е околу еден милион во светот.

Новата работна група ќе делува покрај постојната работна група на владата, која ќе продолжи да ги идентификува и доставува третманите за кои се покажало дека се ефективни во клиничките испитувања во сите фази на изложеност на пациентите.

„Во комбинација со нашата фантастична програма за вакцинација, лековите се витално оружје за да ги заштитиме нашите најблиски од овој ужасен вирус“, рече Ханкок.

притисни ентер