Наредните недели интензивни преговори за предизборни коалиции

До 12 март, кога е крајниот рок за поднесување на листите со кандидати за пратеници, се очекува интензивни преговори на партиите за предизборни коалиции..  

Со распишувањето на изборите се интензивираа и преговорите за заеднички настап на претстојните избори. Дел од лидерите на партиите веќе си пружија рака за предизборна коалиција, дел се уште одлучуваат дали ќе тргнат самостојно во битката за глас повеќе.

Алијанса за Албанците и Алтернатива на Африм Гаши веќе постигнаа договор. Главниот мотив е создавање силна коалиција против ДУИ.

Лидерот на интегративците , Али Ахмети вели не стравува дека оваа коалиција може сериозно да го загрози резултатот на ДУИ на 12-ти април.

Ахмети вели во тек се анкети според кои ќе се крои кандидатската листа. За принципот „победник со победник“  очекува да се испочитува при формирањето нова влада по изборите, вели 2016 кога ова правило беше прекршено била вонредна состојба и исклучок.

Во СДСМ велат подготвени се коалициските преговори со било која од партиите.

Инаку, во јавноста се шпекулира дека БЕСА и ДПА би можеле да влезат во предизборна коалиција со социјалдемократите. Но, засега овие информации не ги потврдуваат од партиите.

ВМРО ДПМНЕ, според анализите, ја продолжува коалиција „За обнова на Македонија“, но велат отворени се за разговори и со други партии.

Меѓупартиските договори за предизборни коалиции партиите треба да ги завршат најдоцна до 12-ти март кога истекува рокот за поднесување на кандидатски листи до Државната изборна комисија.

притисни ентер