СДСМ: Најголема болка на извршителот Мицкоски е што не успеа да ги исполни желбите на неговиот шеф Груевски и да го одбрани криминалот

ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на земјата, реагираат од СДСМ. 

Стравот во белиот дворец кулминира со носењето на Законот за јавно обвинителство со кој се реализира заложбата за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства.

ВМРО-ДПМНЕ е толку безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз членови на семејството на претседателот Заев, преку измислување лажни вести, нешто што го прават постојано и не им успева.

Силната меѓународна поддршка од пријателите на нашата земја, јавно искажана денеска и вчера е најсилната порака за значењето на овој закон и за успехот на СДСМ и Зоран Заев.

СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Секој што се огрешил и ќе се огреши пред законот ќе одговара. Тоа е најголемата болка на извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Извршителот Мицкоски направи се да го спречи носењето на овој закон, да ги исполни желбите на неговиот шеф и да одбрани криминал. Не успеа!

Граѓаните, државата се цврсто определни да одат напред и ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги вратат чекор назад во изолација и режим.Северна Македонија е веќе 30 земја членка на НАТО, на чекор сме до преговори со ЕУ!, реагираат од СДСМ на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер