Грција сака да ги врати барателите на азил од Авганистан дома , бара помош од ЕУ

Министерот за миграција на Грција, Нотис Митараки, денеска изјави дека побарал помош од европските партнери за да им помогнат на авганистанските баратели на азил да се вратат дома.

Според грчката влада, огромното мнозинство (во моментов 75 проценти) на баратели на азил сместени во логори на петте егејски острови се Авганистанци, а зад нив се Сиријците.

„Побаравме од Европската унија да помогне во олеснувањето на враќањето на (мигрантите) во земјите на потекло, како Авганистан и Пакистан“, рече на јавната телевизија ЕРТ ,министерот Нотис Митарачи.

Според весникот „Катимерини“, Атина неодамна испратила писмо до еврокомесарот, Илва Јохансон, за да го претстави новиот договор за миграција и азил.

Десничарската влада на Киријакос Мицотакис, соочена со повторниот прилив на мигранти од Турција во Грција, ја заостри миграциската политика и најави „забрзување на враќањето“ на лицата во Турција или во нивната матична земја.

Ваквата одлука, придружена со законот за забрзана постапка за азил, остро беше критикувана од бројни невладини организации за човекови права и права на бегалци.

Според Договорот ЕУ-Анкара потпишан во март 2016 година за намалување на приливот на мигранти во Европа, Сиријците и Авганистанците имаат право на меѓународна заштита.

притисни ентер