Во Бугарија се појави птичји грип , ќе биде усмртена заразената живина

Бугарска агенција за безбедност на храна, соопшти денеска дека вирусот на птичји грип Х5Н8 се појавил во градот Раковски во јужна Бугарија.

Се соопшштува дека ќе бидат убиени сите 5380 патки на фармата, се вели во соопштението на агенцијата, а се додава дека ова е прв пат вирусот да се појави во Бугарија во последните 10 месеци.

Околу фармата е воспоставено заштитено подрачје од три километри и се забранува движење на домашни, диви и други птици, како и продажба на јајца и живина.

притисни ентер