Видео: НБА ОЛ Стар, тимот на Леброн подобар од тимот на Адетокумбо

НБА ОЛ Стар меч за паметење, маестрални потези, кошеви, дриблинзи, но и драма која ретко се гледа.

Тимот на Леброн Џејмс со 157-155 го победи тимот на Јанис Адетокумбо на 69 Ол Стар викедн во НБА лигата одигран во Чикаго.

Љубителите на најсилното светско кошаркарско првенство одамна не гледале подобар дуел во мечот на сите ѕвезди во НБА. Најзначајниот меч на Ол Стар викеднот во Чикаго имаше исклучително драматична завршница. Дуелот беше одлучен по неверојатната драма во последните 12 минути, по фаулот на Кајл Лаури над Ентони Дејвис. Новиот формат на Ол Стар мечот донесе одлична игра и резултат и невиден натпреварувачки ритам.

Во спектакуларниот натпревар видовме драма, жестока борба и по подолго време мечот на сите ѕвезди донесе сериозна кошарка.

По 45 минути игра по резулатски пресврт и достигната негатива од 17 поени, тимот на Леброн Џејмс со кошевите на Ентони Дејвис од линијата за слободни фрлања го доби мечот со 157-155.

Најдобар во победничкиот состав беше Кавај Ленард со 30 поени,(8 тројки), 23 коша постигна Кралот Џејмс, ист ефект имаше и искусниот плеј Крис Пол(7тројки), Ентони Дејвис додаде 20 поени а имаше и 8 скока..Балканските ѕвезди Јокиќ и Дончиќ Ол Старот го завршија со 5 односно 8 поени.

Ѕвездата на Милвоки Адетокумбо беше најефикасен во својот тим со 25 поени и 11 скока, Кемба Вокер постигна 23, Ембид 22 со 10 скока, а Руди Гобер имаше 21 кош и 11 скока.

Очекувано МВП признанието кое од годинава го носи името на трагично загинатиот Коби Брајант на крајот заврши во рацете на најефикасниот кошаркар на Ол Стар мечот ѕвездата на Клиперси Кавај Ленард.

Ол Старот имаше и дел посветен на легендарниот Коби Брајант. Трагичната смрт во хеликоптерска несреќа на еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА беше одбележана со  трибини раководена од легендарниот Меџик Џонсон, на која настапија познатиот рапер Дрејк,  свестката музичка ѕвезда Џенифер Хадсон со песни посветени на Брајант.

притисни ентер