Лилјана Поповска се збогуваше со Собранието

Последен ден во македонското Собрание за пратеничката Лилјана Поповска.

Денеска е мој последен ден во македонското Собрание и мое последно обраќање како пратеничка. Како што поодамна најавив, нема веќе да се кандидирам. По 18 години излегувам доброволно, без болест и при здрав разум, откако пред 1 година на ист начин се повлеков од претседател на партијата ДОМ, оставајќи зад себе спремен кадар да ја води.

Очекував пристојна политичка атмосфера на крајот, зашто, нели, сите сме за избори. Наместо тоа, имаме тензична атмосфера и дијаметрално поделени ставови. Како причина се посочува Законот за јавно обвинителство, кој е оставен за самиот крај на овој мандат.

Жалам што двете страни во долгите преговори за Закон за јавно обвинителство не најдоа заеднички именители и не носиме усогласен закон. Тој секако би бил со помалку дефекти, недоречености и празнини кои даваат можност за различно толкување и примена. Причина за ова е неспособноста да се договориме што ни е важно, што се црвени линии, што смее, а што не смее да се дозволи во државата. Причина е, за жал, огромната поделеност и недоверба помеѓу партиите.

Дел од од колегите се вознемирени од можноста да се донесе овој закон, па тоа да биде причина за селективно казнување на партиски членови и поддржувачи. Како доказ наведуваат имиња и големи бројки притворени и осудени лица на, како што сметаат, несоодветни драконски казни. За некои случаи се согласувам со нив, зашто на пример, има нелогична казна од 9 години за јавна набавка со која не е направена никаква материјална штета. Или, казни од 15 години за лица осудени за наводен „тероризам", а кој беше очигледен обид за пуч и преземање на власта со примена на насилство. Се разбира, тоа повлекува соодветни казни, но во друга категорија. Ги разбирам колегите и нивното стравување дека овој закон може да се злоупотреби, ако го применуваат нестручни и неодговорни луѓе. Затоа што веќе сме виделе такви злоупотреби не еднаш, поради што граѓаните од сите бои имаат многу ниска доверба во судскиот систем. Очигледно, неопходна ни е ревизија на работењето на некои обвинители и судии, како и на некои судски случаи.

Друг дел од колегите треперат од можноста да не се донесе овој закон, па тоа да биде причина за недоволно добар извештај од ЕУ, кој ќе им послужи на некои земји како изговор повторно да го блокираат почетокот на преговорите со Македонија. И оправдано е ова стравување, зашто со децении Македонија е блокирана непринципиелно со поставување севозможни барања што се надвор од меѓународното право и од здравата логика. И прифативме некои од тие барања, за да не биде Македонија поделена, во време кога се цртаа нови граници на Балканот. Послабиот го прифати условувањето на посилните, зашто сакавме и сакаме да влеземе во клубот кој обезбедува трајна иднина на Македонија и добар живот на македонските граѓани. За да живеат спокоен, достоинствен и квалитетен живот во својата земја. Македонската одисеја продолжува и не можам да тврдам дека токму во март ќе го добиеме одамна заслужениот датум. Но не сме во положба да ја ризикуваме оваа хипотетичка можност за конечен почеток.

Почитувани колеги, на сите Ви благодарам за соработката и Ви посакувам поспокоен живот во иднина, независно кој ќе биде овде во парламентот, а кој надвор од него. И мислете на Македонија и на македонските граѓани во секој момент и секоја одлука што ќе ја носите во нивно име.

ДОМ

Во израелската воена операција во „Ал Шифа“во Газа загина третото лице во хиерархијата на Хамас

Израелската армија соопшти дека убила десетици палестински борци и уапсила повеќе од 200 лица во голема операција вчера во најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа - болницата „Ал Шифа“, пренесоа француските медиуми.

Стотици цивили беа принудени да ја напуштат областа.

Вашингтон ја потврди смртта во операцијата на заменик-шефот на военото крило на „Хамас“ Марван Иса. Тој е највисокиот претставник на палестинското исламистичко движење убиен од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната пред речиси половина година.

-Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс и над 20 во областа околу болницата, рече портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека се приведени „повеќе од 200 осомничени терористи“.

Министерството за здравство во Појасот Газа извести за „десетици убиени и ранети, од кои повеќето цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Ал Шифа“, но не даде точни бројки.

До 13 луѓе се затрупани по уривање на рудник во руската област Амур

 До 13 лица, според прелиминарните податоци, се затрупани по уривањето на мина во областа Зеј во руската област Амур, јавија синоќа руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Спасувачките служби претходно известија дека е изгубен контактот со 13 работници во рудникот „Пионер“.

Во Собранието закажани седници на три комисии

 Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог- законот за помилување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во второ читање.

Законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.

притисни ентер