Владата ги поништи решенијата на Мизрахи донесени на 14 февруари, ВМРО –ДПМНЕ не предложи нов министер

По смената на министерката за труд и социјала во техничката Влада, Рашела Мизрахи, Владата доцна синоќа на седница ги поништи нејзините решенија за кадровски одлуки и овластувања.

 Кои Мизрахи ги донела на денот кога се одржуваше седницата за нејзино разрешување. Од ВМРО-ДПМНЕ повторија дека Мизрахи била разрешена затоа што ги открила и не молчела за криминалите правени претходно во министерството. Опозициската партија негира дека таа го прекршила уставот и законите и побараа разрешување и на останатите владини функционери кои го користеле името Македонија

Од владејачката СДСМ пак соопштија дека со разрешувањето на Мизрахи биле заштитени интересите на граѓаните. Од таму велат дека сите членови на Владата мора да ги почитуваат уставот и законите и да ги стават државните пред партиските интереси. По вчерашното барање да достават нов кадар на местото на Мизрахи, попладнево премиерот на техничката Влада Спасовски преку социјалната мрежа фејсбук апелираше до ВМРО-ДПМНЕ да даде нов предлог за избор на министер за труд и социјала во техничката влада. Сепак, бидејќи тоа не се случи до распуштањето на собранието, со министерството за труд и социјала до изборите во април ќе раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ.

притисни ентер