Заев: Нашите ветувања ги исполнивме, време е и ЕУ да го исполни своето!

„Доаѓа правда!“ со овие зборови лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обрати во јавноста откако пратениците го изгласаа законот за Јавно обвинителство. 

Заев го поздрави носењето на законот, но и  ги обвини пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека со тоа што не гласале - се изјасниле против правната држава и европската иднина на земјава.

Во говорот од партискиот штаб лидерот на социјалдемократите се обрати и до ЕУ. Нашата земја ги исполни своите обврски,а сега на потег е Унијата, рече Заев.

Заев на изборите на 12ти април ќе бара  нов, чист мандат, за како што кажа вистинска и неселективна правда, одговорност за тие кои ги прекршиле законите, за напредок, евроатланска перспектива.

За утре најави и марш под мотото „Чекориме за правда.“ Маршутата ќе биде од Собранието до судот.

притисни ентер