Жена осум години добива цвеќе од починатиот сопруг за „Св. Валентин“

Маж од Кенија пред својата смрт обезбедил неговата сопруга да добива цвеќе за секој Св. Валентин, засега се ова трае цели 8 години, пренесе СНН.

Сопругата на Рич Кокс веќе осум години добива букет за својот роденден и за Валентинови, празник кој  е еден ден подоцна.

Кога Трејси прв пат добила цвеќе, година дена по смртта на Рич била шокирана од чинот на својот сопруг.

-Беше многу емоционално. Бев тажна, но и среќна во исто време бидејќи знам дека тој секогаш ќе биде со мене, изјавила Трејси за СНН.

Трејси добива букет цвеќе од 2013 годинасо порака која не се менува.

-Иако не ме гледаш, Трејси, јас секогаш сум тука. Те сакам Рич, пишува во пораката. Инаку Рич и Трејси, пред тој да ја загуби битката со ракот на грлото на 53 годишна возраст, биле заедно цели 26 години,

притисни ентер