Заев: Успеавме, доаѓа правда и силна правна држава

Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот.

Успеавме!

Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот.

Правда и борба против криминалот и корупцијата – за тоа се заложивме, тоа бараат македонските граѓани, за тоа се изборија 2/3 од пратениците во Собранието.

Презедовме чекори кон силна и способна правна држава, доаѓа правда!

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и за нашата европска интеграција, ги победија притисоците и гласаа ЗА усвојување на Законот за јавно обвинителство.

Денес огромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, желбата за правда ја победи желбата за крадење пари.

Со овој Закон, гарантирана е судска разрешница на сите започнати судски процеси и постапки иницирани од СЈО. Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази кои беа обезбедени низ долги постапки, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите.

Нема скриена амнестија за никого, ниту за стари ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста. Секој што допрва ќе го прекрши Законот ќе се соочи со одговорност.

Со овој Закон се гарантира дека политичарите нема да можат да бираат и именуваат обвинители ниту да одлучуваат за иднината на предметите. Тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на неправда, време на заробена држава и криминална власт. Сега дојде друго време кога политичарите мора да бидат подалеку од правосудството.

За жал, раководството на ВМРО-ДПМНЕ не се одважи и не гласаше за правна држава. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за европска иднина. Тие се единствените што се противеа на овој чекор кон правдата. Тоа јасно покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Белиот дворец преку раководството на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште е заложник на осудениот криминалец, Никола Груевски.

Извршителот Мицкоски направи се да го спречи носењето на овој закон, да ги исполни желбите на неговиот шеф и да одбрани криминал.

Не успеа! Не дозволивме да се загрози правдата, не дозволивме да се загрози европската иднина на земјата.

Тие чекор назад, ние три чекори напред! Напред кон изградба на способна држава, држава по европски правила и стандарди. Овој чекор напред е јасен сигнал дека ние не запираме со реформите. Разумно, посветено и одговорно, праќаме јасна порака и силен аргумент колку ни е важна европската иднина на нашата земја, ние продолжуваме, но сега и Европската Унија е на потег. ЕУ мора да го види и препознае овој нов балкански потенцијал. Нашата земја е земја која своите обврски ги реализира, ги исполнува.

Почитувани граѓани на ЕУ, почитувана Европска Комисијо, почитувани лидери на земјите членки на ЕУ,

Ние нашите ветувања ги исполнивме, време е и ЕУ да го исполни своето ветување, одлука за почеток на преговорите.

Јас верувам дека С. Македонија и Европската Унија се подготвени за следниот чекор.

Почитувани граѓани,

Реформата во судството мора да продолжи.

Со крената глава стојам пред Вас и барам нов, чист мандат. Правосудството да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за чесните и професионалните непречено да можат да ги употребат системските решенија кои носат правда.

Заедно ќе продолжиме напред со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ!

Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Денешната победа нека биде мотив, заедно да постигнеме многу повеќе. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава.

Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република С. Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот "Чекориме за правда". Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот!

Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Лазар Ристовски (71) ужива на Малдивите со 39 години помладата девојка (ФОТО)

Српскиот актер Лазар Ристовски (71) и неговата 39 години помлада партнерка Аница Лазиќ уживаат на Малдиви.

Аница на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија.

„Кога води, не прашувам каде“, напишала 32-годишната актерка во описот на фотографијата на која двојката позира во море.

За потсетување, парот ја потврди врската кон крајот на 2023 година. "Точно е, уживаме во нашата љубов. Не би коментирал ништо повеќе, разберете. Се запознавме по разводот, тоа нема никаква врска со мојот поранешен брак и развод", изјавил тогаш актерот за српските медиуми. Двојката глумеше заедно во филмот Dream Team и во серијата Попадија.

Пред врската со Аница, Лазар беше 42 години во брак со сопругата Даница.

Сериозна е состојбата со морбили во Италија- загрижува состојбата во Џенова

Според професорот Матео Басети, доктор и раководител за заразни болести во поликлиниката Сан Мартино во Џенова, бројот на случаи на сипаници кај возрасните исто така прогресивно се зголемува, како што е случајот со децата.

„Во Џенова за 7 дена се појавија 5 случаи кај невакцинирани лица, а сипаниците може да имаат сериозни компликации. Можеме да очекуваме епидемија во наредните месеци“, вели професорот Басети.

Пациентите се на возраст од 15 до 40 години.

„Тоа се луѓе кои не биле вакцинирани или кои не биле заразени како деца. Целната возраст нè наведува да мислиме дека тоа се сите граѓани кои не живееле ниту еден момент во седумдесетите години на минатиот век, сипаниците биле ендемични. Родителите решиле да не да ги вакцинираат и денес би можеле да се соочат со нова епидемија. Наместо тоа, важно е да се вратиме на разговор со населението за важноста на оваа вакцина за да се избегнат компликациите што сипаниците можат да предизвикаат во староста“, објасни професорот.

На прашањето дали Италија треба да се грижи за овие бројки, професорот рече дека засега нема потреба да се вознемирува, но дека е важно да се знае дека во иднина ќе биде тешко да се ограничи појавата на сипаници доколку нешто не се направи.

„Ние лекарите доживеавме раст во периодот од 2008 до 2009 година и во тоа време имаше 114 заболени од морбили, од кои некои поминаа со тешки компликации. 26% од овие пациенти беа тешки случаи, што е загрижувачка бројка бидејќи по 15 години повторно бележиме зголемување на случаите.Досега во Џенова сме имале 5,од кои 3 се лекувале во Сан Мартин.Ова не е пријатна болест во староста.Засега не треба да се вознемируваме, но важно е да се знае дека тоа би било тешко е да се ограничи појавата на сипаници и доволно е да се грижиме“, додаде тој.

Пред сè, пневмонија, која кај возрасните може да доведе до енцефалитис и менингитис, многу сериозни системски компликации кои вклучуваат неколку внатрешни органи.

„Тоа е сè освен тивка болест во зрелата возраст. Најсериозните компликации кај децата се многу ретки, кај возрасните е токму спротивното и болеста може да доведе до епизода на фебрилни конвулзии, па дури и до ниски тромбоцити“, заклучи докторот и апелираше до сите граѓани да се вакцинираат.

Ѓоковиќ раскажа зошто се разделил од Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите по проекцијата на филмот „Легенда“, посветен на тенисерот Никола Пилиќ.

Освен за филмот, Новак зборуваше и за разделбата со Горан Иванишевиќ.

- Горан пред сѐ е пријател за цел живот. Мој и на моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Само затоа што ја прекинавме соработката, не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и решето. Многу моменти кои не ни беа пријатни. И покрај сѐ, тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам човечкиот однос кон мене. И поради тој однос, резултатот дојде како последица на сето тоа. Му посакувам сѐ најдобро. Сè уште немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали тоа воопшто ќе има некој. Отсекогаш сум имал тренери со мене, тие се обидуваат да ме натераат да чувствувам што сакам и што ми треба.“, рече Ѓоковиќ, пренесе Телеграф.

притисни ентер