Собранието во тензична атмосфера го донесе Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата

Со доцнење од околу еден час, во тензична атмосфера и по повторено гласање Собранието го донесе Законот за Јавното обвинителство.

Собранието при повтореното гласање со 80 гласови за го донесе Законот за јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека е прекршена законската процедура и ја напуштија седницата.

Донесени и Законот за Совет за јавни обвинители и законот за одбрана.

Последниот работен ден на пратениците пред распуштањето на Собранието мина во тензична атмосфера. ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати само за седницата за самораспуштање а во мегувреме беа донесени уште неколку закони.

 Седницата за распуштање на Собранието почна па беше прекината за да се донесат Законите за АВМУ, за лични податоци и за Инспекторатот за јазиците.

Во Собранието е Јулијана Николовска.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер