Министерството за здравство и СЗО на 27 февруари го организираат вториот Национален форум за здравје

Можам да кажам дека заедно со УН агенциите навистина постигнавме многу. Благодарение на соработката којашто ја имавме, ја преполовивме новороденечката смртност. 

Под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Македонија одговара на предизвиците" на 27 овој месец во Скопје ќе се одржи вториот Национален форум за здравје што го организира Министерството за здравство во соработка со Светската здравствена организација.

– Ќе имаме можност да дискутираме за прашања од областа на здравјето, здравствените планови, заеднички да отвориме дискусија и да ги собереме сите информации од сите чинители, вклучувајќи ги пациентите и асоцијациите на пациенти и оние кои ги користат здравствените услуги, вели шефицата на Канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавила во видео пораката снимена по тој повод.

Министерот Венко Филипче во видео пораката истакнува дека во текот на минатата година е почната имплементацијата на препораките од првиот здравствен форум кој беше посветен на примарната здравствена заштита.

– Можам да кажам дека заедно со УН агенциите навистина постигнавме многу. Благодарение на соработката којашто ја имавме, ја преполовивме новороденечката смртност. Сите прематурни бебиња сега се третираат согласно најсовремените европски стандарди, со доволно опрема, но и со доволно едуциран кадар. Значајно се зголеми опфатот со вакцинација. Од некаде под 80 проценти, тој во Скопје порасна на 99.5 проценти благодарение на мерките коишто Владата ги презеде. Се соочивме со една епидемија со којашто одлично се справивме и навистина заврши за многу кратко време, а во околните земји таа навистина траеше многу долго и однесе огромен број на животи, вели Филипче.

На форумот најавено е присуство и на регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер