Првата електрична „Дачиа“ стигнува во 2021 или 2022 година!

Групацијата „Рено“ во чија сопственост е романската марка на автомобили, потврди дека Дачиа ќе добие сопствен електричен модел најдоцна за две години.

Ако се земе во предвид дека Рено веќе неколку години во својата понуда има електрични автомобили, беше само прашање на време кога својата технологија ќе му ја отспати и на романскиот производител.

Во плановите на компанијата „Рено“ кои се однесуваат на периодот до 2022 година се споменува лансирањето на целосно „електричен “ модел кој се води под името „ Dacia Urban City Car".

Кога точно електричната Дачиа ќе се појави на пазарот не е прецизирано, но е речено дека тоа ќе биде во периодот 2021 -2022 година.

Поради тоа што во описот на автомобилот се вели дека станува збор за мал градски електричен модел една од можностите е тоа да биде модел од електричниот „ Твинго“ З.Е, кој Рено го најави за 2020 година.

притисни ентер