Средба Филипче-Тавила: Македонија има еден од најдобрите системи за рано предупредување на болести и епидемии во регионот

Соработката со СЗО продолжува и натаму. Во овој момент е актуелно прашањето на епидемијата од корона вирус. 

Министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила и претставници на агенциите на Обединетите Нации: UNDP, UNFPA и UNICEF кои имаат директна поврзаност со системот на здравство, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во врска со корона вирусот Филипче, по средбата што се одржала вчера, изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација што доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

-Соработката со СЗО продолжува и натаму. Во овој момент е актуелно прашањето на епидемијата од корона вирус. Многу е тешко сега да се претпостави кога епидемијата ќе го достигне пикот, има се повеќе и повеќе нови случаи, пред сé во Кина. Можам да кажам дека ние сме целосно подготвени да се соочиме со овој предизвик. Целосно е подготвен здравствениот систем во смисла на превенција и препознавање на случаи, патници коишто биле во контакт со заразени пациенти. Имаме организиран систем со кој авио-компаниите ни укажат на тоа доколку некоја група патници доаѓа од Кина. Кај нас, ниту пак во регионот нема сомнителни ниту позитивни на корона вирус. Целиот систем е спремен, како превентивниот систем така и системот на препознавање и системот на транспорт. Спремни се одделенијата во инфективните болници, имаме во овој момент сосема доволно опрема, во фаза сме на набавка и на дополнителна медицинска опрема, како и заштитна во случај да тоа се изнуди како потреба и се појави еден или повеќе заразени пациенти, истакнува Филипче.

-Би сакала повторно да ги уверам сите дека одблизу ја следиме ситуацијата, капацитетите на земјата се подготвени во случај на можно појавување на корона вирусот. Системот за рано предупредување и рана интервенција е прилично добар. Ние велиме дека Македонија има еден од најдобрите системи за рано предупредување во однос на болести и епидемии во целиот регион, изјави Тавила.

Засега, Министерството за здравство има информација за двајца наши државјани што се позитивни на корона вирус, еден член на екипажот на јапонскиот крузер хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика и уште една наша државјанка која е во изолација во болница во Франција. За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки.

Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, во рамките на посетата на СВР Струмица, учествуваше во превентивните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“, кои се реализираа во општинскиот центар Босилово.

Според Тошковски, со вакви превентивни акции може да се делува на намалување на несреќите.

-Се надевам дека во иднина ќе имаме помалку несреќи и барем ќе се воздржуваме од управување на моторно возило под дејство на алкохол и ќе го управуваме возилото според сите правила и стандарди за користење на истото, рече техничкиот министер за внатрешни работи.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ дека во изминатите два месеци се зголемени кражбите и има пораст на криминалитетот и дека со неговото доаѓање на чело на МВР работите не одат на подобро, Тошковски одговори дека вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор, бидејќи овие изјави се несериозни и тој не сака да ги коментира.

-Да видиме дали ќе бидат доблесни да се нормализира комуникацијата со јавноста или ќе се продолжи со вакви бесрамни потези, кадешто буквално македонскиот народ се смее на тоа што го терат долго време како приказна.Дајте да завршиме со вакви паушални обвинувања. Дајте да завршиме со фрлање на пердуви насекаде без никаква основа и да се фатиме за работа и да направиме држава каква што треба. Доста е веќе со голи политики и политаканство и со лажење на народот, рече Тошковски.

Тој денеска го посети и пунктот за издавање на лични документи во Полициското одделение во Ново Село.

Национална конвенција за ЕУ: Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на КЗ

Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на Кривичниот законик, препорачуваат од Националната конвенција за ЕУ во Македонија. 

Експресните измени донесени со европско знаменце од лани не се на иста линија со политиките на ЕУ, велат оттаму, со оглед на тоа што предлог директивата од Брисел предвидувала повисоки казни за кривичните дела поврзани со корупција. Препорачуваат и враќање на избришаниот став за злоупотреби при јавните набавки.

-Со оглед на тоа што е дел од таа минимална листа не треба да имаме дилеми дека тоа ќе опстојува и во иднина. И во поглед на предложените казни во однос на нивната висина тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот КЗ особено тие се намалија кај делото злоупотреба на службената положба и овластување со измените на КЗ од септември 2023 година,- изјави – Александра Деаноска – Трендафилова – Универзитетски професор.

Иако работна група во МП подготвува целосно нов Кривичен законик во кој ќе биде вратен избришаниот став, од Националната конвенција сметаат дека оваа процедура ќе се одолговлече. Во меѓувреме Македонија не треба да губи време на својот евроинтегративен пат, вели главниот преговарач во тимот на Хрватска споделувајќи го хравтското искуство во процесот на пристапување кон Унијата.

-Ако Македонија се инспирира од она што ние (Хрватска) позитивно го сработивме може да го фати забрзаниот пат. За мене клучни се визијата, политичката одлучност на политичките елити во Македонија, консензус на клучните чинители дека тоа навистина се сака како би се навистина спровеле тешки реформи а тука доаѓаме до тоа да се биде способен да се донесат тешки одлуки, односно да не се избегнува носењето на одлуките,- изјави – Кристиан Туркаљ – Правен експерт за Западен Балкан, Р. Хрватска.

Со измените на КЗ лани во септември пратениците ги намалија пропишаните казни за неколку кривични дела, и воведоа горна граница на максималната казна, што заедно со избришаниот став доведе до застарување на неколку дела. Веднаш потоа и Извештајот на ЕК за напредокот на земјава нотираше загриженост околу овие измени но и посочи на несоодветна употреба на европското знаменце.

притисни ентер