Макрон со поддршка за почеток на преговори со Скопје и Тирана

Го чекаме извештајот во март … во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали има доверба тогаш би биле во позиција да одобриме почеток на преговори

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Минхен изјави дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Македонија и Албанија се позитивни тој би поддржал отворање на преговори со нив за да станат членки на Унијата, објави Ројтерс.

– Го чекаме извештајот во март … во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали има доверба тогаш би биле во позиција да одобриме почеток на преговори, изјави Макрон на 56. Минхенска безбедносна конференција. 

притисни ентер