ФИТР воведува нов механизам за поддршка на млади талентирани деца

Фонд за иновации и технолошки развој организираше консултативна дебата за новиот механизам за финансиска поддршка на младите креативци. 

ФИТР подготви „Правилник за финансиска поддршка на научно-технолошката извонредност и претприемништвото кај учениците и младите" - нацрт документ кој има за цел да ги утврди правилата според кои ќе се доделува финансиска и техничка помош на талентирани деца и нивните ментори. Претставници на повеќе образовни институции и граѓански здруженија кои учествуваат на дебатата го оценија овој чекор како позитивен дополнувајќи го со свои сугестии и коментари кои ќе бидат земени во финализирањето на правилникот.

Целта на воспоставувањето на новата мерка е отворање на дополнителни можности за финансирање на младите креативци при што ќе бидат опфатени сите фази, од идентификување на нивниот потенцијал и можности, подготовка за учество на меѓународни натпревари и финансиска поддршка.

Оваа мерка е наменета за сите образовни установи и здруженија кои спроведуваат активности за поддршка на талентирани ученици и студенти или работат на развој на претприемачки способности кај младите.

"Наша должност како општество е да се грижиме за најталентираните и најспособните, но и на сите да им овозможиме еднаков и фер пристап до поддршка за да ги реализираат сопствените потенцијали. Оваа мерка има за цел намалување на одливот на мозоци и унапредување на вештините на талентираните деца потребни за нивно вклучување и лидерство во иновативните и технолошки напредни индустрии. Ова е процес со кој вистински и конкретно ќе вложиме во иднината на оваа држава. Бидејќи вложување во младите е вложување во нашата иднина ", посочи Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Инаку со овој механизам поддршката за научно-технолошка извонредност и претприемништво кај учениците и младите ќе се доделува во вид на грант во износ од минимум 30.000 (триесет илјади) денари до максимум 600.000 (шестотини илјади) денари. Грантот може да го покрива целиот износ на потребното финансирање за предвидените активности. Кофинансирањето обезбедено од други извори, ќе се земе во предвид при бодувањето на апликациите.

Нацрт документот во следните 15 дена ќе биде објавен и на веб страната на Фондот (www.fitr.mk) со цел и пошироката јавност да се вклучи со конструктивни коментари и сугестии. Финалната верзија на документот потоа ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

Инаку оваа мерка е дел од пошироката иницијатива на ФИТР од почетокот на 2019 за крерирање на т.н „Фонд за млади умови"- системско решение со кое државата во иднина ќе вложува во развивање и поддршка на таленти кај младите. Во рамките на овој Фонд веќе се интегрирани програмите „Џуниор Ачивмент", UPSHIFT и Предизвик за млади истражувачи, наменети за ученици од основно и средно.

ФИТР само во изминатата година има инвестирано околу 20 милиони денари во реализација на програми наменети за млади и деца од различни возрасти, со цел поттикнување на нивното критичко размислување и иновативност. Преку програмите на Фондот до сега се поддржани 54 средни и основни училишта со над 500 вклучени ученици и ментори.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер