На исчезнатиот српски готвач му се закануваат 10 години затвор

На познат српски готвач, по кого се трагаше веќе неколку дена, му се закануваат 10 години затвор поради обид за шверц на дрога.

Додека полицијата во Србија го барала како исчезнато лице, познатиот готвач Дејан Маркус е приведен во притвор од судијата на Окружниот суд Птуј, Словенија, јавуваат локалните медиуми. Се обидел да шверцува дрога преку словенечко – хрватската граница.

Во тек е истрага, при што словенечката полиција го пријавила за дело, кое носи казна од една до десет години затвор, информираат медиумите во Словенија.

Тој е осомничен за сторено кривично дело недозволено производство и трговија со дрога и илегални материи во спорт, како и суровини за производство на недозволена дрога.

Социјалдемократите победија во Хамбург, ултрадесницата не го помина прагот

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) победи на локалните избори во градот Хамбург, а за прв пат во последните неколку години популистичката десничарска Алтернатива за Германија (АфД) не успеа да го помине изборниот праг.

Според првите официјални нецелосни резултати, СПД освои 37,6, Зелените 25,5, Христијанско демократската унија (ЦДУ) 11,4 и Левичарската партија 9,1 отсто.

Либерално-демократската партија на Германија (ФДП) освои пет проценти од гласовите и најверојатно повторно ќе влезе во парламентот во Хамбург, а АфД не го премина изборниот праг со 4,7 проценти.

Ова е првпат во последниве години, популистичката десничарска АфД да не го мине изборниот праг на ниту еден од изборите во Германија и со тоа мора за прв пат да го напушти парламентот.

„Ова е прекрасна вечер. СПД победи, затоа што ние во Хамбург јасно се фокусиравме на нашите задачи и граѓаните ги препознаа“, рече кандидатот на СПД на изборите во Хамбург и актуелниот градоначалник на градот-федерација Питер Центшер и покрај фактот дека социјалдемократите изгубија осум проценти од гласовите во однос на последните избори.

Во Ирак убиен демонстрант , најмалку седуммина повредени

На денешните протести во Ирак е убиен еден демонстрант , а најмалку седуммина се повредени.

Ирачките безбедносни сили денеска убиле едно лице, а повредени се најмалку седуммина кога отвориле оган врз демонстрантите во Багдад, соопштија безбедносни и медицински извори.

Ирак се соочува со криза во земјата, со скоро 500 убиени лица во антивладините протести , што почнаа од 1-ви октомври минатата година.

На карневал во Хрватска запалени кукли на истополова двојка со дете (ВИДЕО)

За време на традиционалната карневалска поворка во хрватскиот град Имотски, каде граѓаните маскирани се шетаа низ градот, биле запалени кукли од истополова двојка со дете.

Според хрватски Индекс, фотографијата на опозицискиот пратеник на Социјалдемократската партија (СДП), Ненад Стазиќ, била ставена на куклата на детето и е нацртана црвена sвезда петокрака.

Во поворката имало многу деца кои гледале како се палат куклите.

Ова не е првпат хомосексуална двојка  да биде запалена на карневал во Хрватска.

Пред две години, на карневалот во Каштел, пред неколку стотици родители и деца, беше запалена сликовница со две мајки и двајца татковци.

притисни ентер