Падна испораката на Volkswagen во Кина поради коронавирусот

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген денеска објави дека има голем пад на испораките на автомобили во Кина во јануари поради епидемијата на коронавирусот и лунарните новогодишни празници.

Во однос на истиот период минатата година, бројот на автомобили на сите брендови испорачани до најважниот индивидуален пазар на Фолксваген опаднал за 11,3 проценти.

Во јануари, VW испорача 343.000 возила во Кина.

Падот на испораките се одрази и во вкупните бројки, кои покажаа 5,2 проценти помалку испораки на автомобили на глобално ниво - вкупно 838 илјади автомобили.Кина во просек учествува со 40 проценти од глобалните испораки на Фолксваген.

Целокупната продажба на автомобили во Кина е намалена за петтина во јануари, како резултат на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот, што ќе предизвика значително нарушување во првите месеци од оваа година, проценуваат економистите.

притисни ентер