Спасовски: Ако побаравте преодна влада за да правите хаос, ниту смее, ниту треба да ви се дозволи тоа

Несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува. 

Ги повикувам членовите од преодната Влада со интегритет да ја извршуваат фунцкијата, да ги почитуваат законите и да го дадат својот максимален придонес во овие исклучително важни услови за земјата, рече вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски, образложивајќи го Предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Спасовски изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже демократски капацитет и ќе предложи нов кандидат за министер.

-Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно, нагласи премиерот.

Нашата држава, потенцира, е во многу значаен период кога треба да се организираат фер, демократски избори и да се завршат активностите за членство во ЕУ и НАТО. Затоа, да направиме сé за да дадеме што повеќе позитивни аргументи за да добиеме датум за почеток на преговорите.

-Сега е моментот да дадаме максимум за добро на граѓаните и државата, да ги оставиме настрана стават партиските и личните интереси. Владата мора да овозможи континуитет на институциите, владење на правото. Имаме историска одговорност за организирање избори какви што доликуваат на европска демократија. Апелирам до опзоцијата – одговорноста за спроведување беспрекорни избори е и Ваша, не само на парламентарното мнозинство. Вие побаравте, а мнозинството прифати да се формира преодна влада, а ако побаравте преодна влада за да правите хаос, ниту смее, ниту треба да ви се дозволи тоа. СДСМ и коалциијата покажаа како се организираат избори и како демократски се управува со државата. сега е време ВМРО да се одважи и охрабри, да ги прифати и спроведува демократските стандарди, времето на флоскули и калкулантство трееба да заврши, порача Спасовски.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара од Спасовски да си поднесе барање за сопствено разрешување зашто во образложението го користеше името Република македонија, што исто така, како што укажа Мицевски е против уставно.

-Изглeда потсвеста многу работи, па сакајќи или не го употребувате името Република Македонија. Очекувам дека ќе поднесете барање за Ваше разрешување, да бидете принципиелни, да покажете дека немате двојни аршини, рече Мицевски./MИА

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер