Уапсена терористичка група во Германија - Планирале напади на политичари , азиланти и муслимани

Во полициска акција против десничарски екстремизам, спроведена денес во шест германски сојузни провинции, уапсени се 12 лица осомничени за припадност на терористичка група.

Полициската операција е извршена на 13 локации, а претресот започнал во домовите на пет лица претходно познати на властите, соопштија од обвинителството во градот Карлсруе.

Групата била под истрага под сомнение дека планирала напади врз политичари, баратели на азил и муслимани. Ваквите планови, според истражителите, сè уште не добиле конкретна форма.

Другите се осомничени за поддршка на јадрото на групата и, наводно, се согласиле да обезбедат финансиска поддршка,за да добијат оружје или помош при извршување на нападот.

Дванаесетте уапсени ќе бидат изведени пред судија денеска или утре за да се одлучи дали остануваат во притвор.

Полициската акција била спроведена во провинциите Баден-Виртемберг, Баварија, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Палатинат и Саксонија-Анхалт, со цел да се соберат дополнителни докази.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе избира нов Ивршен комитет

Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе одржи седница за избор на Извршен комитет на партијата.

Според партиското соопштение, новиот Извршен комитет ќе има помалку членови од актуелниот и ќе содржи неколку нови имиња.

Новиот извршен комитет е дел од пакетот промени кои ги најави и почна највисокото актуелно партиско раководство. По изгласувањето на новиот статут, ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател и нов Извршен комитет на УМС, распиша оглас за избор на нов претседател на унијата на жени, а во меѓувреме беа назначени и нови претседатели во дел од општинските комитети.

Украден мртовец од струмичката болница

Претпладне околу 9 часот група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на болницата, потврди за МИА директорот, д-р Наќе Гогов.

– Се се случи како во хорор филм. Пациент на 49 годиншна возраст бил примен во амбулантата во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. Отако набргу починал дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец. Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи. Веднаш ја алармиравме полицијата, но додека таа да дојде тие веќе заминаа, рече директорот Гогов.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест./МИА.

Средба на премиерот Заев со австрискиот амбасадор Вуцас:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава.

На состанокот се изразени честитки за изборот на новата Влада и e потврдена поддршката од Австрија за европските интеграции на нашата држава.

Премиерот Заев упати порака до австрискиот канцелар Курц дека и новоизбраната Влада во земјава е целосно посветена на европскиот пат.

На средбата е изразена согласност дека владеењето на правото е една од клучните области за Република Македонија и за интеграциите и притоа е констатирано дека Австрија може да помогне во унапредувањата во оваа област.

„Големи можности се сега пред нас, откако воспоставивме добрососедски односи со сите соседи и со тоа создадовме можности за бенефити за нашите граѓани на домашен план. Тоа се економските можности од значење и за граѓаните и за државата. Владата, со развојот на економијата, е цврсто определена да работи и на владеењето на правото и е подготвена да соработува и со Австрија и со европските институции со цел усогласување на праксите и легислативата", рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, зборуваше и за насоченоста на Владата кон развој на образованието и на здравствениот систем и се заблагодари за солидарноста од Австрија и државите на ЕУ за време на здравствената криза.

На состанокот е констатирано дека економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија е одлична и дека има можности за интензивирање на билатералните односи во следниот период, во областа на инвестициите, здравството, енергетиката, трговијата, културата, земјоделството.

притисни ентер