Хју Џекман со романтичен подарок за сопругата за Денот на вљубените (ФОТО)

Хју Џекмен уште еднаш покажа дека не само што е убав, туку и многу паметен и романтичен маж, поради што жените низ целиот свет го обожуваат.

Овој Ден на вљубените тој реши да ја изненади својата сопруга Дебора-Ли Фарнес со навистина интересен подарок кој има и романтична и забавна вредност.

Тој ја одбра омилената заедничка фотографија и од неа направи сложувалка . Тој на Фејсбук објави фотографија од имагинативниот подарок и, се разбира, собра еден куп позитивни коментари.

Инаку, Хју и Дебора се во брак од 1996 година, цели 24 години, што ги прави една од најдолгите и најстабилните парови во светот на славните.

Тие се запознале во 1995 година на сетот на австралиската ТВ серија Корели, веднаш се вљубиле и се венчале по кратко време. Имаат две деца: синот Оскар и ќерката Ава.

Од Германија екстрадиран третоосомничениот за убиството на Саздо

Германија го екстрадираше 21 годишниот Јетон Љужа, третообвинет за убиството на Никола Саздовски Саздо.

Тој во земјава е спроведен утринава и веќе се наоѓа во истражниот затвор во Шутка. По Љужа беше распишана меѓународна потерница, но во ноември лани германската полиција го уапси во Хамбург по што беше ставен во екстрадиционен притвор.

Саздо беше брутално претепан од страна на три момчиња на автобуска постојка во Автокоманда во јуни 2018 по што падна во кома а по една недела почина. Бесир Беља и Скендер Демири во април лани беа осудени на по 19 години затвор.

Бидејќи беше во бегство, на Љужа сега ќе му се суди во одвоена постапка за кривично дело убиство. Адвокатот на семејството Саздовски не очекува оваа постапка да влијае врз пресудата за другите двајца првостепено осудени кои очекуваат Апелација наскоро да одлучува по нивните жалби.

Освен Љужа, бегалци од правдата во Македонија има уште неколкумина, но за нив постапките одат многу потешко. Веќе 8 години се чека од Косово екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинетите за петкратното убиство кај Смилковско, а проблеми има и со обвинетите од СЈО. Унгарија одби ектрадиција за експремиерот Груевски, а истото го направи и Грција за поранешните шефови во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Еден од бегалците кој најдолго време чека екстрадиција е некогашниот прв човек на Царинската управа Драган Даравелски кој во 2016та беше уапсен во Белград но сепак тамошните власти се уште не го предаваат на македонските.

МЖСПП: Сите 17 мерни инструменти и мобилната станица се во функција, не работат поедини инструменти во неколку од нив

Концентациите на ПМ10 честичките и ПМ 2.5 во моментов не е мерат на четири мерни места во земјава во Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која е лоцирана во Ѓорче Петров.

Причини се кај дел технички проблеми, а кај дел поради дотраеност.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека од вкупно 17 мерни станици и една мобилна во моментов сите се во функција и дека во мерните станица постојат по пет мерни инструменти за мерење на пет различни параметри, а оти во одделни мерни станици само поедини мерни инструменти не работат.

-Мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во Карпош и Струмица се исклучени поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на PM10 од мерните станици Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години. Мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција се од производителот Orion, и за нив нема резервни делови поради престанок на работа на фабриката. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители, појаснуваат од Министерството.

Додаваат дека во текот на оваа година во тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.

Оттаму истакнуваат дека седум нови мерни инструменти за O3 (озон),седум нови мерни инструменти за SO2 (сулфур двооксид), седум нови мерни инструменти за CO (јаглерод моноксид), два нови автоматски мерни инструменти за мерење на PM2.5(суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), два нови секвенцијални нисковолуменски семплери за мерење на PM10 и PM2.5, седум нови сета од метеоролошки сензори за мерење брзина и насока на ветар, атмосферски притисок, влажност, глобална радијација, надворешна температура, како и кула за калибрација на автоматски мерни инструменти за PM10 и PM2.5 се набавуваат преку јавна набавка од Буџетот на МЖСПП за 2020 година. Би требало да се стават во функција во првата половина од месец декември 2020 година.

Се врши набавка на опрема преку IPA-CBC проект. Како што наведуваат потпишан е договор и краен рок за испорака и оперативност на опремата е крајот на месец октомври 2020 година. Со оваа набавка, додаваат, ќе се инсталира нова мерна станица во Општина Гевгелија со сите мерни инструменти (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори), како и замена на сите мерни инструменти при што ќе се додадат и инструменти за мерење на нови параметри од мерната станица Битола 1 (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори).

Преку СИДА проект се набавува опрема која се состои од 27 инструменти. Краен рок за доставување понуди е 3 септември 2020 година и се очекува да биде испорачана до крајот на годината и дополнитело се прави набавка на опрема преку IPA2 проект za [to tендерската документација е подготвена и се очекува објава на тендерот најдоцна до крајот на годината.

Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

 Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, која во моментот е во работна посета на Република  Македонија.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата Маричиќ истакнал дека добрата регионална соработка е суштинска за ширење на духот на европските вредности и практики, за динамична европеизација на регионот, а дека во тој поглед, Советот за регионална соработка е значаен за воспоставување и негување на добрата соработка во регионот.

Министерот Маричиќ потенцирал дека Република Македонија е на историски пат бидејќи наскоро се очекува официјално започнување на преговорите со ЕУ и да го отвориме Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

притисни ентер