Старлета со тридневен курс решава за инвестиција од 412 милиони евра (ФОТО)

Карла Дибело, пријателка на Ким Кардашијан, игра клучна улога во потенцијалното преземање од саудискиот принца на англискиот фудбалски клуб Њукасл Јунајтед.

Волстрит Џурнал известува дека 35-годишната ДиБело е тесно поврзана со Саудискиот фонд за јавни инвестиции (ПИФ), кој помага да се обезбеди купувањето на мнозински удел во клубот за 412 милиони евра. Уделот во клубот се верува дека го купил саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Пред да почне со договарање за откуп на дел од клубот, ДиБело работеше на шоуто Keeping Up With The Kardashians.

Волстрит Џурнал пишува дека договорот е завршен и дека нејзиниот соработник и претприемач Аманда Ставели ќе купи десет проценти од акциите на клубот. Клубот, сепак, не одговори на прашањата во која фаза биле преговорите.

Според пишувањето на медиумите, ДиБело нема универзитетска диплома, а LinkedIn покажува дека има сертификат за приватен пазар на капитал, а тоа е тридневен курс што може да се полага на универзитет.

Кога имала 21 година, дошла во Лос Анџелес од Флорида за да работи како асистент на  казино магнатот Стив Вин.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A shift is happening .... 🇸🇦 honored to feel so welcomed in The Kingdom 💚

A post shared by Carla DiBello (@carladibello) on

Откако присуствувала на Меѓународниот филмски фестивал во Дубаи во 2005 година, таа почна почесто да патува на Блискиот исток.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Kiki do you love me 🌟 @kimkardashian

A post shared by Carla DiBello (@carladibello) on

Пред седум години, основа своја консултантска фирма ЦББ и престана да работи на ревијата за Кардашијан.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Thinking about where all my sunglasses go 🤔

A post shared by Carla DiBello (@carladibello) on

Објавено е и дека била вклучена во преговори вредни 15 милијарди долари со индискиот конгломерат „Reliance Industries“. Волстрит журнал пишува дека е во многу блиски односи со шефот на ПИФ, 49-годишниот Џасир ал Румајан.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Swam to Eden Roc ⚓️

A post shared by Carla DiBello (@carladibello) on

притисни ентер