Има само 18 години , а ја напиша и испеа песната за новиот Џемс Бонд (ВИДЕО)

Пред неколку часа, Били Ајлиш ја издаде No time to die, нејзината нова песна и насловната на новиот филм за Џејмс Бонд.

Светската тинејџерска ѕвезда ја напишала и снимила песната со нејзиниот 22-годишен брат Финас О’Конел, а е објавена истовремено со новиот трејлер на филмот за Џејмс Бонд.

За само неколку часа, таа собра повеќе од три милиони прегледи и повеќе од половина милион лајкови.

Били стана најмладата музичарка во историјата што напишала и изведе песна за филм за Џејмс Бонд. Тинејџерката, која ја нарекуваат иднина на музиката , заедно со својот брат, освои пет Греми награди и стана најмладата личност во историјата што ги доби наградите во четири најважни категории.

Пред неколку дена таа настапи на доделувањето на Оскарите.

притисни ентер